Познатиот македонски бренд по долги години постоење ја затвара својата продавница во Гратскиот трговски центар, но најавува и затворање на производството.
Како што стои во објавата поставена на социјалните мрежи, компаниијата престанува со производство по 35 години работа.
– По неверојатни 35 години, исполнети со страс кон модата, креативност и незаборавни моменти, Макпримат го завршува своето патување.
Иако со измешани емоции ги затвораме вратите на продавницата во ГТЦ и на производството, сакаме да се заблагодариме на секој од Вас.
Вашата лојалност и доверба во текот на сите овие години ни овозможија да Макпримат стане повеќе од моден бренд – стана симбол на квалитет, уникатност и љубов кон добриот стил – се наведува во нивната објава.