„Барам: Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје и од него зависи да ги обезбеди сите гаранции дека неговите намери се мирни“, рече Макрон на „Икс“.„Убеден сум дека има излез од војната и дека може да се избегнат поголеми опасности“, додаде тој.Министрите за надворешни работи на три земји, Германија, Франција и Велика Британија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас вчера во Женева разговараа со нивниот ирански колега Абас Аракчи, една недела по почетокот на израелските напади врз Иран.
Трите земји го повикаа Иран да продолжи со дипломатските напори, без да се чека крајот на конфликтот, за да се реши спорното прашање за неговата нуклеарна програма, но Техеран рече дека е подготвен да ја разгледа дипломатската рута само кога ќе биде запрена агресијата на Израел.