Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави дека во таа земја ќе го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години во рок од „неколку месеци“ ако тоа не се направи на ниво на Европската Унија, пишува Euronews.„Мора да ги забраниме социјалните медиуми за лицата под 15 години“, изјави Макрон за јавниот радиодифузен сервис France 2 откако 14-годишен ученик избоде член на училишниот персонал на влезот во средно училиште во Ножен.
„Ни давам неколку месеци да започнеме европска иницијатива. Инаку… ќе почнеме да го правиме тоа во Франција. Едвај чекаме“, рече тој.
Ученик смртоносно избоде член на училишниот персонал за време на рутинска проверка на торби во основно училиште во источна Франција, потврдија официјални лица. Тинејџерот е уапсен на лице место.Полицаецот кој помагал во проверката на торбите бил полесно повреден при апсењето на осомничениот, кој го користел истиот нож во двата напади, според Националната полиција.Како што пишува „Еуроњуз“, не е јасно дали нападот е поврзан со нешто што студентот го видел на социјалните мрежи.