Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека во случај на 30-дневно примирје, ќе се започнат директни преговори меѓу Украина и Русија. Во случај на триесетдневно примирје, започнуваме директни разговори меѓу Украина и Русија. Подготвени сме да помогнеме, изјави Макрон за француските медиуми додека патуваше со воз за Киев.
Тој исто така предупреди дека ќе има дополнителни, „многу поостри“ санкции ако Москва не го прифати прекинот на огнот. Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер утрово пристигнаа во Киев заедно со полскиот премиер Доналд Туск, за да изразат поддршка на Украина. Посетата е симболичен одговор на комеморацијата на 80-годишнината од победата над нацистичка Германија, која вчера се одржа на Црвениот плоштад, со учество на рускиот претседател Владимир Путин и дваесетина странски лидери, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг.