Во пресрет на локалните избори, интензивно се водат преговори помеѓу коалициските партнери од владата, како и меѓу ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ, дознава ТВ21 од добро упатени извори. Соговорниците брифираат дека се разгледува опција за соработка на локалните избори, но истовремено се отвораат и теми поврзани со можна реконструкција на Владата. Според нашите информации, ВМРО-ДПМНЕ го побарало Министерството за правда, со оглед дека тоа моментално е во рацете на ЗНАМ. За возврат, би го отстапиле Министерството за одбрана, кое сега е раководено од ВМРО-ДПМНЕ, но под услов нов министер да биде Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово.
Во истиот пакет на преговори, ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка од ЗНАМ за нивниот кандидат за градоначалник на Куманово, додека за возврат би дале поддршка на кандидатот на ЗНАМ за општина Центар. Според наши информации,преговорите сè уште се во тек, а дали ќе се реализира ваков договор, ќе зависи од пресметките на двете страни за политичката добивка.