25.8 C
Скопје
18/04/2025 14:08
МАКТЕЛ

    

Малески: Во 90тите македонците во Канада донираа 1 милион долари за лобирање за Македонија

      

Размислувајќи денес за улогата на лобистите како Тејлор или, подоцна, Макферлејн, не сум толку строг кон нивната корисност. Имено, фактот дека за својот ангажман на страна на Македонија тие мораа да добијат согласност од властите во Америка и во Канада, беше некаков показател за расположението на овие држави. Се надевав и дека, во ретките случаи, кога некој од нив беше во делегацијата на Македонија, преговарачите од другата страна на масата ќе го регистрираат присуството на овие „неми сведоци“ од моќниот Запад. Пишува: Денко МАЛЕСКИ. (Белешки од годините на независноста) Лобистите секогаш ми буделе асоцијации не еден филм од моето детство  – „Седумте величествени“, во кој група од седум американски платеници, предводени од Јул Бринер, организираат и бранат мало и сиромашно мексиканско село од пљачкосувањата на една мексиканска банда. Со една разлика: платениците на крајот од филмот, понесени од принципите на правдата и хуманоста, забораваат на парите и ги ризикуваат своите животи, додека модерните лобисти не се ни блиску до таквото поведение. Во меѓународната политика, сите жртви ги поднесуваат само засегнатите. Во  случајов што го опишувам – ние. ЏОН БИТОВ Тој август 1991 година, во неможност да присуствува на манифестација на нашите иселеници во Канада, претседателот Глигоров ме испрати мене. Џон Битов, канадски бизнисмен по потекло од егејска Македонија, го запознав во канцелариите на неговата фирма во центарот на Торонто.

Роден во 1928 година, во Торонто, Битов во 1980-тите е успешен бизнисмен со ресторани ширум Канада, а подоцна и директор на истакнати компании. Неговите добротворни активности го вклучуваат и домот за стари лица по потекло од Македонија и партнерството со полицијата во Торонто, во програмата намената за млади ризични групи во градот. Како заслужен граѓанин на канадското општество, носител е на орден Order of Canada. Како и на сите други средби, мојата задача беше да ги запознаам соговорниците со состојбите во регионот и со политиката на Република Македонија. Битов, елегантен шеесетгодишник, сосема сличен на сите мои западни соговорници, слушаше со љубопитство. На крајот од разговорот ми даде комплимент, кој ме замисли. „Ти си подобар од…“, рече радосно и некако зачудено, спомнувајќи име на еден наш млад политичар што го познаваше. Ме замисли зашто комплиментот го доживеав како мешање во нашите внатрешни работи, на начин на кој странец, сепак, не би требало да си го дозволи. Се направив како да не ги слушнав неговите зборови и го свртев разговорот на нашата соработка и поддршката што можеше да ѝ ја пружи на младата македонска држава. „Имам многу контакти и ќе ти отворам многу врати“, рече. Во договор со претседателот Глигоров, Битов го организираше првото македонско лоби финансирано преку македонските црковни општини од добротворни прилози на Македонците во Канада. Со тие пари се финансираше една група лобисти, која, како свој претставник во Македонија, го испрати Кен Тејлор, поранешен канадски амбасадор во Иран. Таму, тој се прослави со тоа што, во времето на заложничката криза, кога радикалните млади Иранци ја зазедоа американската амбасада во Техеран, успеа да засолни шест Американци, да им обезбеди канадски патни исправи и да ги испрати надвор од Иран. Роден во 1934 година, Тејлор студирал на Универзитетот во Торонто, а по дипломатската мисија во Иран, назначен е за генерален конзул на Канада во Њујорк. Од канадската влада е одликуван со орденот „Order of Canada“, а од американскиот претседател со „конгресен златен медал“. Тејлор го придружуваше претседателот Глигоров на неколку средби со странски политичари, вклучувајќи ја и средбата со Слободан Милошевиќ, на која не присуствував.

   

Од разговорите што ги имав со него слушнав многу корисни совети, но не и конкретни решенија за нашиот тежок спор со Грција. Единственото што ми остана во сеќавањата е неговото размислување дека поради неколкуте нерасчистени убиства на Американци од страна на грчките радикали, Америка не ѝ е многу наклонета на Грција. ЛОБИСТИТЕ ОД ТОРОНТО. Размислувајќи денес за улогата на лобистите како Тејлор или, подоцна, Макферлејн, не сум толку строг кон нивната корисност. Имено, фактот дека за својот ангажман на страна на Македонија тие мораа да добијат согласност од властите во Америка и во Канада, беше некаков показател за расположението на овие држави. Се надевав и дека, во ретките случаи, кога некој од нив беше во делегацијата на Македонија, преговарачите од другата страна на масата ќе го регистрираат присуството на овие „неми сведоци“ од моќниот Запад. Мислам дека од донациите на граѓаните се собраа некаде околу милион долари, пари со кои се покрија трошоците за тимот лобисти со седиште во Торонто. На една средба со претседателот Глигоров, во фоајето на хотелот во кој бевме сместени, Битов дојде со големи табаци хартија на кои беа напишани исплатите. Му ги читаше бројките на претседателот, со намера да добие согласност од него. Глигоров, пак, кој немаше никаков увид во собирањето на парите, не сакаше да учествува ниту во нивното распределување, давајќи му до знаење на Битов дека е тоа негова работа, или, можеби, дека му верува. Сумата од сто илјади долари што Битов предложи да му се исплати на Тејлор за едногодишен ангажман, кој се состоеше од неколку посети на Македонија и на други држави, ми се стори преголема и прокоментирав нешто во таа насока. Битов ми објаснуваше дека не сум во право. Можеби. Но, едно знам: кога во некои студени денови, Тејлор се појави во Скопје несоодветно облечен, му го дадов мојот стар мантил – кој никогаш не ми го врати! И последниот телефонски разговор што го имав со Битов беше за пари. Поточно, за средства за лобирање. Вечерта, седнат во хотелската соба во Њујорк, по напорниот ден низ коридорите на ОН, со грозница на устата, која ми се појавуваше секогаш кога ќе минев низ голем стрес, следев емисија на американска телевизија за логор на жени во Босна и Херцеговина. Расплакани жени ја кажуваа својата заедничка судбина: српските војници што ги силувале, намерно ги држеле во логорот до последното доба на бременост за да ги доведат до безизлез. Сега, со големи стомаци, беа пуштани на слобода. Звони телефонот во хотелската соба. „Господине министре, вие ги избегнувате моите повици“, ми вели, на англиски, подналутено Битов. Му објаснувам дека сум сместен во хотел од трета категорија, бидејќи подобрите беа зафатени и дека не сум добил никакви пораки. Тој ми објаснува како мораме да создадеме еден поголем фонд на пари за повторно да ги активираме лобистите. „Ама, Џон, му велам јас, „ние сме сиромашна земја, која не може да издвои такви пари“. „Зар немате нешто да продадете, некој авион, на пример“, прашува тој. „Немаме, но и да имаме, тоа би биле големи пари за да ги дадеме за лобирање…“, изустувам веќе изиритиран од неговата настојчивост. И додавам: „Џон, дали знаеш дека мојата министерска плата е 200 долари?“. Луто ја изустува американската поговорка „ќе ги ставам и сопствените пари каде што ми е устата“ и заврши, засекогаш, мојот контакт со Џон Битов.(Продолжува)

  

Најново

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Раздорот во ВЛЕН го фаворизира ДУИ: Зошто исклучително битен станува Зијадин Села?

Sase Ivanovski

Трамп: Не сум негов обожавател, но не мислам дека Зеленски е виновен за војната

Sase Ivanovski

Од денес може да се вози преку Галичица, заврши зимската забрана

Sase Ivanovski

(Видео) Четири лица загинаа во уривање на жичарница во јужна Италија

Sase Ivanovski

(Видео) МВР го пронајде возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен е јавен обвинител

Sase Ivanovski

Зеленски остро ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ОЗАКОНУВА ПАУШАЛНИ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА

Sase Ivanovski

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Кике Цветче и Иван Ајнштајн: Бегството не ги решава предизвиците во љубовта

Sase Ivanovski

Митрополит г. Петар: Велигден е најсветлиот празник на христијанската вера и таинството кое ја преобразува историјата на човештвото

Sase Ivanovski

Од „не ни требаат странци“ до „добредојдовте, шеици“ – Чебрен станува профитабилен проект кога владее ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување

Sase Ivanovski

Кој прв ќе изгори од изигрувањето на Законот за нефер практики?

Sase Ivanovski

Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие

Sase Ivanovski

Скандал во Хрватска: Општина платила 1.500 евра за приватен детектив да следи воспитувачка поради боледување

Sase Ivanovski

Ректорот на Универзитетот во Белград: Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница

Sase Ivanovski

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Sase Ivanovski

Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС

Sase Ivanovski

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово пред политичка криза по неконституирањето на Собранието; СПАК со истрага за изборен криминал во даночната администрација; „Фантомски“ партии пред изборите во Албанија

Sase Ivanovski

Кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес на домот

Sase Ivanovski

Американската влада ги укина визите за повеќе од 1.000 странски студенти

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден

Sase Ivanovski

Левица: Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден

Sase Ivanovski

„Кинескиот Илон Маск“ користи само два броја за да покаже зошто автомобилската индустрија на неговата земја сега ги надминува САД и Европа

Sase Ivanovski

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило

Sase Ivanovski

ЦУК: Мртов маж пронајден во изгорена куќа во Кавадарци, имало девет пожари на отворено

Sase Ivanovski

Кина ги отфрла обвинувањата на Зеленски дека Пекинг и испорачува оружје на Русија

Sase Ivanovski

Сајбер-криминалците се повеќе користат електронски паричници за да украдат картички

Sase Ivanovski

Нов марш за правда за жртвите утре во Кочани: Семејствата на загинатите ги повикуваат сите граѓани и медиуми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гужви за кон Грција, Велигден ќе се слави и на море

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Блокадата на РТС стана бескрајно насилство

Sase Ivanovski

Далеку од колонијализам: Европа развива свои лежишта на литиум

Sase Ivanovski

Инженерите алармираат: Владата озаконува паушални фактури за струја

Sase Ivanovski

Професори и научници упатија прашање до полицијата која денеска го испрашува ректорот Владан Ѓокиќ: „Што правите?

Sase Ivanovski

Драма во Хрватска: Додека слетувал авион во Дубровник, дрон опасно се доближил до него

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител

Sase Ivanovski

Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени

Sase Ivanovski

Палестински медиуми: Најмалку 20 загинати во израелски напади во Газа

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

Sase Ivanovski

Најмалку 38 загинати во американски напад врз позиции на Хутите во Јемен

Sase Ivanovski

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Sase Ivanovski

Радоста од меѓусебното запознавање

Sase Ivanovski

Денко Малески: Ќе зборуваме за „нашата“ трагедија ако зборуваме и за „вашата“

Sase Ivanovski

Еден загинат и 54 повредени во руски напад врз Харков, соборени 56 украински дронови во Русија

Sase Ivanovski

Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања

Sase Ivanovski

Членките на ЕУ се согласија волците повеќе да не бидат „строго заштитени“ животни

Sase Ivanovski

Рубио му пренел на Лавров дека САД можат да се откажат од мировен договор за Укарина ако нема јасни знаци дека може да се постигне

Sase Ivanovski

Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Sase Ivanovski

Велики петок – најтешкиот ден во годината

Sase Ivanovski

Разговор Лавров-Рубио: Москва за понатамошна соработка за елиминирање на главните причини за украинската криза

Sase Ivanovski

Дел од Ново Лисиче ќе биде три часа без струја

Sase Ivanovski

Христијаните денеска го одбележуваат најтажниот ден во годината – Велики петок, кога Исус Христос бил распнат на крст

Sase Ivanovski

Промени во јавниот превоз, автобусите со изменет распоред за празникот

Sase Ivanovski

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи

Sase Ivanovski

Додик: Ако Република Српска ја имаше Србија против себе, ќе беше во исклучително тешка ситуација

Sase Ivanovski

Од денеска трговците јавно ќе ги објавуваат продажните цени на веб страниците

Sase Ivanovski

РТС сè уште блокирана, утринската програма денеска не се емитува

Sase Ivanovski

Трамп се сретна со Мелони, па најави пресврт со Кина и договор со Европа

Sase Ivanovski

И покрај царините на Трамп, ММФ не предвидува глобална рецесија годинава

Sase Ivanovski

Дел од Аеродром без струја

Sase Ivanovski

Управните служби на МВР работат за време на Велигденските празници

Sase Ivanovski

Руските сили во текот на ноќта соборија 56 украински беспилотни летала

Sase Ivanovski

На два дена пред Велигден не стивнува „битката за јајца“, освен домашни има и увозни

Sase Ivanovski

Украина и САД потпишаа меморандум за договор за економско партнерство

Sase Ivanovski

Хамас формално ја отфрли израелската понуда за прекин на огнот

Sase Ivanovski

„Тему“ и „Шејн“ следната недела ги зголемуваат цените на производите во САД

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп се закани дека ќе му забрани на Харвард да запишува странски студенти

Sase Ivanovski

Обвинителството бара построга казна за сообраќајката во Тетово во која загина Теодора Ристовска

Sase Ivanovski

Продолжуваат блокадите пред РТС: Дневникот започна два часа подоцна, редарите бараат повлекување на граѓаните

Sase Ivanovski

Граѓанскиот сектор реагира: Антикорупциска предлага услови за повеќе корупција

Sase Ivanovski

Амбасадата на Јапонија отвори повик за стипендии за додипломски или истражувачки студии во Јапонија

Sase Ivanovski

Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

Sase Ivanovski

Да се продолжи рокот за изработка на веб-страницата на правните субјекти, бара Стопанска комора

Sase Ivanovski

Уште една жртва од пожарот во Кочани, почина пациент во Белград

Sase Ivanovski
Вчитувам....