33.8 C
Скопје
07/06/2025 13:06
МАКТЕЛ

   

МАЛКУ Е СЕГАШНАТА ЦЕНА ОД 3000 ЕВРА ЗА КВАДРАТ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ ОДИ ДО 10 000 ЕВРА: Издадени за 23,6 отсто помалку одобренија за градба: Помалата понуда повторно ќе ги поскапе становите

      

Во јуни годинава се издадени 185 одобренија за градење, што е за 23,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 301 354 илјади денари, за 35,4 проенти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во Скопскиот регион се издадени 43 одобренија, од кои осум во Општина Аеродром, по шест во Центар, Илинден и Петровец, пет во Чучер Сандево, три во Гази Баба, две во Бутел и по едно одобрение во Сарај и во Шуто Оризари.

За општините од Полошкиот регион се издадени 38 одобренија, Пелагонискиот 29, Вардарскиот 23, Источниот 20, Југоисточниот 14, Југозападниот 13, додека Североисточниот повторно е најмалку одобренија, односно издадени се само пет.Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 108 (58,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37(20 проценти) за објекти од нискоградба и 40 (21,6 проценти) за објекти за реконструкција. На 112 (60,5 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73 (39,5 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

   

Во извештајниот период е предвидена изградба на 400 станови со вкупна корисна површина од 35 505 метри квадратни. Најголем дел од становите, 242, се во Скопскиот регион, односно 89 се во Општина Аеродром, 82 во Општина Бутел, 52 во Општина Центар. Во Југозападниот регион ќе се градат 82 стана, од кои 80 се во Кичево, во Полошкиот 30, во Пелагонискиот 19, покажуваат податоците на ДЗС.И покрај тоа што годишно во земјава во просек се градат околу 5.000 станови, а според Државниот завод за статистика секој трет стан во земјава е празен, растот на цените никако да сопре ниту пак има најави дека ќе се смири во догледно време.

Нема зграда во Скопје која почнува да се гради, а која не е продадена уште пред да се постават нејзините темели. Побарувачка има, посебно по завршувањето на пандемијата со коронавирусот и почнувањето на војната во Украина кое енормно ги покачи материјалите за градба.Во последните десет години најниски цени беа забележани во 2017 година, но оттогаш почна тренд на раст на цените кој својот пик го достигна во 2022 година.

Истата година имаше голем пораст на трошоците за градење поради зголемување на цените на градежните материјали, пред се на железото и челикот кој доаѓа од Украина.
Според Ѓуро Чубриноски, прв човек на градежната фирма „Масон-Инженеринг“ и заменик претседател на Здружението на градежништво, индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија, освен побарувачката која секогаш ги диктира цените, врз нивното зголемување влијаеле и други фактори како недостигот на работна рака и поскапени градежни материјали.

– Освен побарувачката која е клучна во одредувањето на цената, врз поскапувањето на квадратот влијаеше и порастот на вредноста на градежното земјиште, но и цената на работната рака поради недостигот на квалитетни работници. Имаме голем недостиг на работна рака која на големо се решава со увоз на работна сила од Турција и Непал. Се покачија и комуналните давачки, не само во Скопје туку и во сите поголеми општини каде што се гради и во проценти тоа зголемување е некаде до 50 отсто. За Скопје, посебно во општина Центар влијаеше и четиригодишниот мораториум за градба кога немаше понуда на станови – објасни Чубриноски.

Индексот на цени на станови на Народната банка покажа дека цените на становите во Скопје во четвртиот квартал од 2023 година се зголемиле за седум проценти во однос на истиот период од претходната година, а за еден процент споредено со третиот квартал што е сепак намалување во однос на 2022 година, но недоволно за да се каже дека пазарот е стабилизиран.
Во првиот квартал лани цените на становите бележаат раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво. Во второто тримесечие од минатата година растот на годишно ниво изнесуваше 12,9 отсто, а на квартално 1,6 отсто. Намалувањето на цените продолжи и во третиот квартал кога растот на годишно ниво беше 11 проценти, а во однос на претходниот квартал 2,9 проценти.

Претходната 2022 година, пак имаше нагорен тренд, во првиот квартал становите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.Последниот Попис од 2021 година покажа дека има вкупно 839.174 станови во земјава. Од нив во 531.987 станови се живее, а останатите 307.187 станови се празни, меѓу кои скоро 60.000 само во Скопје. Во истовреме, пописот покажа и дека во изминатите 20 години бројот на станови бил зголемен за дури 20,2 проценти.

Најголем дел од празните станови всушност се користат за изнајмување и според најавите од ДЗС на следниот попис ќе се покаже колку луѓе живеат во нив и по каква основа кога ќе се врзат со податоците на сопственоста.

Појавата на шпекулативните влијанија на пазарот на недвижности се должи на немањето прецизен показател за движењето на цената на становите. Народната банка ја мери цената на квартално ниво преку Индексот на цени, но тоа е изразено само во проценти, не во пари.
Индексот на цените на недвижностите кој се изготвува од страна на НБРМ се пресметува преку примерок од 16.000 станови на територијата на Скопје за кои бил објавен оглас за продажба преку агенции кои се занимаваат со промет на недвижности.

Најдобар показател за движењето цените на становите беа извештаите од регистарот на цени и закупнини што редовно на секои три месеци ги подготвуваше Агенцијата за катастар на недвижности. Во овие извештаи беа впишани детални податоци за обемот на трансакции по месеци и просечната цена на станбен простор за секоја општина посебно.
Но, веќе три години Катастарот не го објавува овој извештај, а последниот објавен на веб-страницата е за период од 2020 година. Недостасуваат извештаите од 2021 и 2022 година кога и се бележи најголем пораст на цената за станбен квадрат.

   

Најново

Шест месеци по бегството, на Фејсбук се огласи Артан Груби

Sase Ivanovski

Блумберг: Трамп ќе се обиде да депортира мигранти од Хаити, Куба и Никарагва на Балканот

Sase Ivanovski

Трамп против Маск: Кој може повеќе да загуби?

Sase Ivanovski

Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!

Sase Ivanovski

Утре уште потопло – со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

КАПРИ, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

И ГРЦИТЕ ИМААТ ВЕНЕЦИЈА, СЕ ВИКА АИТОЛИКО

Sase Ivanovski

На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија

Sase Ivanovski

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Sase Ivanovski

Грета Тунберг со едрилица се приближува кон Газа, сака да ја пробие израелската блокада

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле за тоа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНАТА БАРСЕЛОНА

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ АМСТЕРДАМ

Sase Ivanovski

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Sase Ivanovski

Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година

Sase Ivanovski

ФОТО | Русија: Експлозија на железничка пруга во Воронеж, напад и во Брјанск

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Немаме билатерален проблем со Македонија, сменете го уставот и имате преговори со ЕУ!

Sase Ivanovski

„Половина година подоцна, рацете уште ви се уште покрвави“ – студентски протести во Ниш

Sase Ivanovski

Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација

Sase Ivanovski

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот

Sase Ivanovski

Од британските пари ќе се изгради болница во Кичево, откако старата не можеше да се догради 40 години

Sase Ivanovski

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа…“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: За разлика од Ставрески, јас се што мислев му кажував во лице на Груевски, затоа бев сменет

Sase Ivanovski

Петрушевски: Струјата со СДСМ поскапе, зашто фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

Sase Ivanovski

Унапредување на билатералната соработка и поддршка за европските интеграции, во фокусот на посетата на Муцунски во Париз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: ЈАС ПОМОГНАВ БЕЖОСКА ДА СТАНЕ ГУВЕРНЕР, НО ТАА ПОТФРЛИ ВО БОРБАТА СО ИНФЛАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ДА ГИ ЧУВАМ ВО КРИПТО ВАЛУТИ, ЕЛ САЛВАДОР СЕ КОЦКАШЕ СО ТАКОВ ПОТЕГ И ТОА ЗАВРШИ КАТАСТРОФАЛНО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Евентуална девалвација на денарот би предизвикала огромен ценовен шок, имаме доволно државни резерви да го браниме курсот ако затреба

Sase Ivanovski
Вчитувам....