Вчера во 23.00 часот и на 06.05.2025 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода педесен и шестгодишниот Џ.Д од тетовското село Гајре, и педесет и двегодишниот Л.Д. од Тетово. Двете лица биле приведени по пријава на 39-годишната З.Ј. од тетовско Џепчиште дека со употреба на сила го внеле нејзиниот малолетен син во нивното патничко возило „бмв х5“ и физички го нападнале, при што употребиле и метален предмет.
Според пријавеното, откако успеал да им избега, Џ.Д. извадил пиштол и му се заканувал на малолетникот. Исто така, тие биле пријавени и од Б.Ш.(24) од Тетово дека против негова волја го внеле во истото возило, физички го нападнале и барале од него да им посочи две лица кои наводно земале пари од ќерката на Џ.Д.. „Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.