На овој начин, Северна Македонија го попречува процесот на рехабилитација и реинтеграција во општеството на овие девојки и прекршува голем број меѓународни закони и конвенции. Министерството за правда ги донесе потребните законски измени со кои би се спречило ова, но во пракса сè уште не се спроведува ништо од тоа. Малолетните девојчиња кои го прекршиле законот и се осудени на воспитно-поправен дом се сместуваат во затворот Идризово и имаат постојан контакт со возрасни жени кои таму отслужуваат казни за тешки кривични дела. На овој начин, Северна Македонија го попречува процесот на рехабилитација и реинтеграција во општеството на овие девојки и прекршува голем број меѓународни закони и конвенции. Министерството за правда ги донесе потребните законски измени со кои би се спречило ова, но во пракса сè уште не се спроведува ништо од тоа. Порталб разговараше со сите засегнати страни. Од Управата за извршување на санкции за Порталб.мк неофицијално потврдија дека таму продолжуваат да се испраќаат малолетни девојчиња, но не ни дозволија да снимаме внатре во затворот, ниту пак дадоа дополнителни информации околу ова. Бројот на малолетнички кои вршат кривични дела во моментов е многу помал во однос на момчињата – во затворот Идризово има само едно малолетно девојче, но оваа бројка варира и се менува речиси секој месец. Постојаниот контакт на малолетните девојчиња со затворенички осудени за тешки кривични дела може да влијае овие девојки да излезат од таму со уште поголеми криминални тенденции. Заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа вели дека државата на овој начин постапува спротивно на законот и меѓународните стандарди за децата кои го прекршиле законот.

„За ова сме реагирале многупати, минатата година последен пат реагиравме по посетата што ја направивме таму, оценивме дека во воспитно-поправниот дом во Идризово во женското одделение заедно со полнолетните осуденички поправната мерка ја издржуваат и малолетнички. Ова е во спротивност со меѓународните стандарди“, вели Бајрамовска Мустафа.
За Порталб.мк Бајрамовска Мустафа рече и дека побарале овие девојчиња да бидат префрлени во воспитно-поправниот дом во село Волковија, каде во моментов казната ја издржуваат само малолетните момчиња. „Побаравме да се измени тогашниот закон за спроведување на санкции, тргнувајќи од фактот дека во Волковија има голем комплекс чии капацитети не се искористуваат, видовме дека може да се искористи можноста за соодветно адаптирање на дел од воспитно-поправниот дом во Волковија, каде што моментално се сместени машки деца, за во него да се сместат девојчињата кои моментално се во Идризово“, рече Бајрамовска Мустафа. Министерството за правда ги усвои потребните измени На 28 март 2024 година на предлог на Министерството за правда во Собранието на Република Северна Македонија беше изменет Законот за извршување на санкции, со кој се предвидува трансфер на девојчиња од Идризово во Тетово. Односно, се измени дефиницијата за Воспитно-поправен дом во Тетово – во членот 20 од овој закон направени се следните измени: од „Поправниот дом во Тетово е установа за машки малолетници“, се додава „исто така и женски“.

Според ова, институциите во земјава до сега веќе требаше да ги имаат трансферирано малолетните девојчиња од Идризово во Воспитно-поправниот дом во Тетово, во специјално одделение каде што нема да имаат контакт со малолетните момчиња. Тоа сè уште не се случило и малолетните девојчиња продолжуваат да ја издржуваат казната во многу лоши услови во затворот Идризово, заедно со полнолетните затворенички. Во поправниот дом во Тетово се скептични: Немаме услови да примаме малолетни девојчиња кои го прекршиле законот Бране Стојчевски, директор на Воспитно-поправниот дом во Тетово, за Порталб вели дека не е сигурен дека ќе можат да ги примаат малолетните девојчиња.

„Имаме просторни услови, да, но сè уште не можеме да понудиме други услови кои им се потребни на малолетните девојчиња. Не е работата само да дојдат овде, тие нема само да бидат овде, туку кога ќе дојдат тие ќе дојдат со низа други потреби“, рече Стојчевски.
Стојчевски се жали дека немаат доволно кадар кој може да се грижи за процесот на ресоцијализација на девојчињата. „Потребни ни се и други услови за да можеме да ги прифатиме, како што реков ни требаат луѓе, нормално, зборуваме за девојчиња, ќе ни требаат женски затворски полицајки, потоа ќе ни требаат и воспитувачи, со оваа бројка на воспитувачи нема да можеме да го постигнеме целиот процес, ќе ни требаат инструктори кои ќе одговараат на потребите на девојчињата, како што имаат момчињата на пример во столарија, хотелиерство или бербери. На пример, некоја ќе побара да се оспособи за фризер, за педикир, маникир или нешто друго, а ние немаме просторни или човечки услови за ова“, додаде Стојчевски. Тој, сепак, рече дека „овие девојчиња се дискриминирани затоа што се држат таму, таму се мешаат со возрасни затворенички, а процесот на ресоцијализација што треба да се спроведе таму е невозможен“. Стојчевски очекува Управата за извршување на санкции да ги обезбеди сите потребни услови за прием на малолетните девојчиња во нивната установа. „Тогаш ќе можеме да кажеме дека сме 100% подготвени, сега не сме“, додаде тој. Потсетуваме дека Порталб.мк пред неколку дена известуваше за малолетниците кои го прекршиле законот во Северна Македонија, a државата со години не го почитува правото на образование загарантирано со Уставот и меѓународните конвенции. За овој прекршок досега од никого не се побарало одговорност. Изор: Новинска агенција МЕТА