Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра. Малолетничка која учи во основно училиште на подрачје на Бит Пазар, во повеќе наврати давала пари на нејзини соученици, кои подолго време ѝ се заканувале дека ќе го тепаат нејзиниот помал брат, соопштија денеска во Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52 годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари. Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, информираат во МВР. Извор: Новинска агенција МЕТА