Одговор: Манасиевски: Наместо да ја поздрават акцијата на МВР, СДС се однесуваат како дете на кое ништо не може да му се погоди, ВМРО-ДПМНЕ води бескомпромисна борба против секаков вид злоупотреби
Наместо да ја поздрават акцијата на МВР и да научат како државата мора да ги победува тие кои ја злоупотребуваат, СДС како дете на кое ништо не може да му се погоди, само реагираат колку да кажат нешто, а во недостаток на автентична политика и конкретни и реални решенија. На СДС не му сметаше тоа што ДУИ владееше со улиците во Скопје и што заедно со мафијашките кланови кои сега се зад решетки хараа и уништуваа животи низ главниот град преку рекети, дрога, убиства и лихва, тогаш СДС молчеше и соработуваше со нив, но сега им смета тоа што се апсат сите кои несовесно се однесуваат во службата. Вакво лицемерие ниту имало, ниту ќе има. Токму затоа и поддршката на СДС е не цели 7 проценти. Ако не апси МВР лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ тогаш СДС обвинува за селективност, ако апси МВР блиски до ВМРО-ДПМНЕ, тогаш СДС обвинува нешто друго. Човек крај не може да им најде на овие луѓе. Но, тоа нема да не поколеба да водиме бескомпромисна борба против корупцијата и злоупотребите што се рак рана на македонското општество и што како начин на однесување е сериозен проблем за институциите надграден и усовршен од СДС и нивното последно 7 годишно владеење.