Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додава дека местото каде се запознале и функционирале убијците на Вања и Панче сега е сопственост на Левица.
„Во истиот објект кој се поврзува со Палчо, Зоран Ивановски, близок човек на Апасиев и член на ЦК на неговата партија сега отворил кафуле – Павилјон 36. Кафулето на другарот на Апасиев е отворено во деловниот простор кој го купила Левица за багатела. Кафулето на Ивановски, другарот на Апасиев е со иста орнаментика како Левица. Толку од левичарите. И Левица и Апасиев се демаскирани“ напиша Манасиевски. Според него, излегло дека е голема лага тоа што Левица го лажела сопственото членство со висок морал и скромност.