Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, гостуваше во синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“. Маневски истакна дека како ново раководство се соочиле со голем долг од минатата власт, меѓутоа и дека за брзо време успеале да го вратат.
„Наследивме долг од 12 милиони денари кон добавувачи за проекти кои не биле платени. Долгот кон добавувачите денес е вратен и можам да кажам дека општината функционира беспрекорно. Се е на нула и сите долгови се вратени“, истакна Маневски. Маневски појасни дека за жителите на Зелениково, главниот проблем било згрижувањето за децата од предучилишна возраст. Тој додаде дека во изградба е нова градинка и се работи на доуредување на простор за згрижување на дечињата.
„Наш приоритет беше изградба на нова детска градинка и со изградба на градинката, општината ќе добие јавна установа која ќе биде во надлежност на општината. Кога зборуваме за децата, морам да напомнам дека отворивме и целодневен престој за деца од прво до трето одделение. Во однос на делот, кај граѓаните како „стара пошта’’, ќе се преадаптира и ќе се направи во објект за згрижување на деца од предучилишна возраст“, нагласи градоначалникот. Во однос на реализираните проекти, Маневски ги издвои проектите кои се од делот на патната инфраструктурата.
„Пред извесен период беа реконструирани 3 улици во село Пакошево, се започнува со изградба на улица 10, во село Зелениково, односно за жителите позната како улицата која води до гробиштата, во истото населено место ќе се изгради детски парк, а се работи и на фекална канализација. Би ја спомнал и реконструкцијата на амбулантата, која е кофинансирана со Министерството за здравство, во износ од 7,5 милиони денари“, најави Маневски. Градоначалникот Маневски, искажа благодарност кон Владата и премиерот за нивната заложба за подобрување на општините во делот на капиталните инвестиции, кои се од големо значење за општини кои се од руралните средини.
„Голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за програмата која ја спроведува и алоцираат средства кон локалните самоуправи. За нас, како рурална општина, ова е многу значаен проект, кој ќе придонесе за развој и унапредување на животната средина. На првиот повик аплициравме со 3 проекти, а на вториот кој се уште е во тек, ќе аплицираме со вкупно 10 проекти“, потенцираше Маневски.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ