Неговиот адвокат Горан Бошевски во најситни детали ги опиша двете монструозни дела, а за Боре кој ги негира двете дела и негира присуство во нив, рече дека токму тој ја фатил личноста што ја грабнуваат (Вања) за раката и тој ѝ ја залепил лентата на уста, по што ја ставиле во вреќа, па во гепекот на стариот „ситроен“, украден од веќе убиениот Жежовски.
Кога ја отворивме вреќата, видовме училишен ранец. Палевски ѝ ја тргна лентата од устата и лицето и видовме дека е дете. Тој ја праша која е, кои и`се мајка, татко, ја фотографираше со вперен пиштол во неа. Му рековме со Боре да го ослободи девојчето зашто и така сме под маски. Но тој зеде перниче од ѓубриштето и ја застрела во главата, читаше адвокатот на Манев.
По завршниот збор, адвокатот рече дека неговиот клиент Манев нема удел и со ништо не ги предизвикал убиствата на Панче и Вања и побара ослободителна пресуда за него.На минатото рочиште Обвинителството побара доживотен затвор за сите обвинети, Палевски, Манев, Видевски и Влатко Кешишев.Обвинет е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, за помагање во грабнувањето на неговото дете, што тој изрично го негираше.Денешното судење продолжува со завршниот збор на Боре Видевски.