30.8 C
Скопје
20/06/2025 16:17
МАКТЕЛ

   

МАНЕВ: Потрошив 6 години од мојот живот, запоставувајќи ја мојата фамилија и работата. Шест години ме манипулирал и ме спремал како жртвен вол

      

Испаднав голема наивна будала, си го зацрнив животот и доцна сфатив дека Љупчо Палевски шест години ме манипулирал и ме спремал како жртвен вол, рече денеска во судот второобвинетиот Велибор Манев за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година.
Манев искажа каење за трагедијата, чувство на огромен срам и душевна болка.Тој денеска го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе и да го уништи или скрие синиот ранец со моторолите и со пиштолот за да не може да се најде.

Обвинетиот Манев рече дека од самиот почеток на судењето одлучил да ја зборува вистината, без разлика колкава кaзна би добил.
– Од сите презентирани докази, не негирав, туку и на нејасни снимки потврдував и признавав присуство. Не порекнував ништо што сторив, направив и дообјаснував работи со цел судот да добие јасна слика од настаните што се случија. Се надевам дека судот ќе ја цени мојата искреност, за разлика од Јавното обвинителство, кое упорно работи на тоа да нѐ прикаже како планери на убиство. Јасно кажав дека немав поим, а уште помалку сознанија дека Палевски планира да убива. Нејасно ми е, зар би копал дупка од 3 метри, би ја покривал и би ја маскирал, би ставал ли таваница и капак како влезна врата ако знам дека грабнатото лице треба да се убие? Не, туку би ископал обичен гроб. По инструкции на Палевски, сѐ што разговаравме беше за грабнување и изнуда на пари и не се споменуваше убиство – рече Манев.

   

Тој повтори дека грабнатото лице требало да биде жена на 40 години, ќерка на фармацевт од кого Палевски лесно ќе зел пари.
– Јавното обвинителство упорно турка факт дека сме биле во контакт со Сашо и дека сме знаеле за моментот на излегување на Вања. Немаат доказ дека таткото контактирал со Палевски. Јас лично не го познавам, а и тој самиот кажа дека не ме познава. Како дадов изјава дека се слушале, веќе ви кажав, со ќотек. Се прашувам каков интерес би имал да го бранам Сашо со мојот исказ, а за него прв пат слушнав во полициска станица. Некој овде лаже. И покрај многуте добрини направени од моја страна кон Палевски, јас сум манипулиран и уценет со животот на мојата фамилија и кон мене лично. И не само јас, туку и останатите двајца се изманипулирани. После првото убиство што го изврши кај месноста Рудник во подготвената земуница, каде требаше да биде чувана и втората грабната личност, а потоа да биде пуштена, го прашавме каде ќе ја ставиме втората личност, дека ова не бил планот како што ни кажувал и ни обаснувал. Кратко ни одговори дека ќе импровизира. Не проговорив ништо затоа што веќе претходно ме уцени и ми се закани. Нѐ однесе ноќно време во месноста Дупки, објаснувајќи дека местото е пусто, покажувајќи ни ги напуштените лозја со куќарки во нив. Сѐ до моментот кога и втор пат уби и извади нови алати од пикапот, кои претходно ги купил и нѐ натера да копаме дупка во смрзнатата земја. Бев згрозен од уцената, нѐ тераше да го слушаме. Откако ги изврши убиствата, ми стана јасно, но многу доцна сфатив дека имал двоен план, па затоа ги зачував снимките од мојот ресивер. Можев да ги избришам снимките и можев да ги исклучам камерите. Но, со тоа ќе му дадев алиби на Палевски, а според неговото кажување, виновници за убиството ќе бевме јас и Боре. Но, ние не направивме убиство, а јас лично немав ни мисла ни намера за убиство – рече Манев.

Поради тоа што бил наречен лажго од страна на Палчо, Манев се осврна и на синиот ранец на Палевски, за кој остана мистерија што се случило со него.
– Ова е последната коцка од сложувалката. Дека ранецот е кај Зоран Давитков, член на Десна, вработен како техничко лице во Народна банка, дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за тоа што го зел од канцеларијата, како што се изрази Палевски „пакетот“, да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде. После тоа морав да го известам Палевски дека сум се јавил и сум ја пренел пораката. Тоа е сѐ за фамозниот ранец и за тоа дека лажам за ранецот, иако го има на камери – рече Манев откривајќи го идентитетот на овој лик.

Обвинетиот Манев рече дека е згрозен од сето ова што се случува и од човек кому му ја дал душата на тацна.
– Потрошив 6 години од мојот живот, запоставувајќи ја мојата фамилија и работата. Шест години ме манипулирал и ме спремал како жртвен вол. За на крај, да ме напика во затвор, за нешто што ни на сон не можам да го замислам. Не можам да порекнам, изманипулиран и заслепен од успесите што почнаа да се редат, слепо поверував во неговиот смислен план за грабнување и изнуда на пари. Како што кажав, нѐ убеди дека ќе биде жена, нѐ внесе во темна просторија за да не може да го видиме доволно добро лицето, дека за 3 дена парите ќе му ги избројат, дека сѐ е сигурно, дека одбрал сигурни патишта, непокриени со камери и дека таа личност ќе биде пуштена. Во ниеден момент не се посомневав дека има план да убива. Да знаев дека ќе има пиштол, никогаш, ама баш никогаш немаше да ме видите овде на обвинителна клупа. Седам овде обвиен со чувство на огромен срам, кој ќе ме јаде додека сум жив. Каењето што го носам во себе не можам да го опишам, немам доволно зборови. Траумата од сликите што ми навираат во главата, слики на две ладнокрвни убиства ми создаваат тешка душевна болка која ќе ме боли додека сум жив. Со целото ова чувство на срам, каење, душевна болка, ми се придодава и болката на неверување дека сѐ ова ми се случува од човек кому толку многу му помогнав – рече Манев денеска во судницата во неговите завршни зборови.

Тој додаде дека бил предупредуван најмалку од три-четири лица, дека не го познава Палевски, да се чува, дека може и во затвор да заврши, но дека не им верувал.
– За гол нож се фаќав за негова одбрана и велев дали се нормални. Како може човек што сум го вадел од затвор, што сум трчал до Задар за да му најдам адвокат да го застапува, на човек кому толку му помагав, да ме измами на кој било начин. Им велев, тоа не е можно и не е сфатливо. И што да кажам. Испаднав голема наивна будала, која си го зацрни животот и изгуби многу пријатели, не само во Македонија. Останува да си ја слушнам изречената казна, оптоварен со срамот, каењето, душевната болка и да размислувам за моите милион неодговорени прашања. Простете ми што излегов ваква будала – рече Манев со растревожен глас и со солзи во очите.Со наведната глава тој го изрече последниот збор на судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

   

Најново

(Видео) Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Скопјанка нападната од партнерот на одмор во Грција

Sase Ivanovski

Дачиќ има највисока министерска плата во Србија, Вучиќ – речиси 60 отсто помалку примања од него

Sase Ivanovski

Кешишев: Многу се каам што бев со таа група

Sase Ivanovski

Зоран Ставрески не стана гувернер ама основа своја фирма за финансиски консалтинг

Sase Ivanovski

Сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје, сообраќајот е во прекин

Sase Ivanovski

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж за регионот, денес таа е пример на застој

Sase Ivanovski

ССМ: За два месеца минималната кошница е зголемена за 2007 денари

Sase Ivanovski

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје во рок од „неколку недели“, соопшти Белата куќа, додека американскиот претседател Доналд Трамп дебатира дали да преземе воена акција против земјата

Sase Ivanovski

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник поради сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Може ли Израел да финансира војна на повеќе фронтови?

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КУМАНОВО Проштална средба во чест на амбасадорката на Р Србија во РС Македонија

Sase Ivanovski

ВАКОВ ПСИХОПАТ СЕ РАЃА ЕДНАШ НА 100 ГОДИНИ Палевски: Боре пукаше, Манев е организатор, а Кешишев е стражар

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата

Sase Ivanovski

ДРАМА НЕВИДЕНА: Вработениот во Народна Банка што го уништил ранецот со пиштол и мотороли е сопруг на кривичен судија?!?!

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка, наместо во интерес на граѓаните, работи на реализација на сценарио за негов спас

Sase Ivanovski

Иран е подготвен да разговара за ограничувањата за збогатување на ураниум

Sase Ivanovski

Пресудите за Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите избрани во Зајас и Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Во Кочани пристигна првата пратка на креми за санација на изгорениците

Sase Ivanovski

ЕУ: Први унифицирани стандарди за чување на домашни миленици

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Се шири лажна наградна игра поврзана со „Лидл“, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Sase Ivanovski

Чупеска: Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, граѓаните живеат тешко и препознаваат неспособност

Sase Ivanovski

Прилепчанец оштетил апарат за коцкање па во полиција пријавил дека делото го сторило друго лице

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КУМАНОВО: Втор третман на терестичка дезинсекција

Sase Ivanovski

Рамиз Мерко казнет со 10 илјади евра за незаконското поставување директори во училиштата

Sase Ivanovski

Европејците излегоа со предлог од четири точки до Иран за деескалација со Израел

Sase Ivanovski

Приведени тројца разбојници во Скопје, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти од трагедијата во Кочани, се подобруваат условите и во кочанската болница

Sase Ivanovski

Таткото на Вања до Палевски: „Зошто ми е убиена Вањичка?

Sase Ivanovski

Исланд е повторно на врвот на рангирањето како најмирна земја во светот во 2025 година, титула што ја држи од 2008 година. Ирска го зазема второто место, Нов Зеланд е трет, потоа Австрија и Швајцарија. Сингапур, Португалија, Данска, Словенија и Финска исто така влегуваат во првите 10

Sase Ivanovski

Таравари и Европскиот фронт ги поделиле општините: Се формализира коалицијата „BASHKË“ (ЗАЕДНО) за локалните избори

Sase Ivanovski

Дотерај се и трепкај за работна позиција – засрамувачки барања за жените на пазарот на труд

Sase Ivanovski

Фетаи: Таравари ми рече да го оставам на мира да оди со ДУИ во коалиција

Sase Ivanovski

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

Sase Ivanovski

НБРМ: Годинава се очекува просечна инфлација од 3%

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија

Sase Ivanovski

Aкиов: На правничката од општината и се извинувам. Јас не сум „гомнар“ ВМРО ДПМНЕ постојано провоцираат

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Додека престојувам во Брисел и се залагам за достоинството на македонската Кауза, во исто време, добивам закани по животот на моите деца

Sase Ivanovski

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица на дебата во живо: „Ако го имате – дојдете. Ако не – молчете“

Sase Ivanovski

44-годишна жена пешак е жртва во синоќешната сообраќајка во Охрид. Без возачка дозвола 22 годишник ја прегазил на тротоар

Sase Ivanovski

АДВОКАТИТЕ СЕ НЕШТО ПОСЕБНО 10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

БОМБА ВО СУДНИЦА Манев: Човекот што го уништил пиштолот со кој Палевски ги уби Вања и Панче е Зоран Давитков и работи во Народна банка

Sase Ivanovski

Чупеска: Ценовните шокови бараат одговорна влада, но ВМРО-ДПМНЕ не покажува грижа за граѓаните

Sase Ivanovski

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Уапсено е лицето од Народна банка, за кое Манев рече дека го уништил ранецот со пиштолот и моторолите

Sase Ivanovski

360 СТЕПЕНИ: МВР ги довери возачките испити во Пелагонија на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Раст на туризмот над 20%, нови градинки и зголемени буџетски приходи

Sase Ivanovski

Манасиевски: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, Младенов, Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна

Sase Ivanovski

ТРОЈЦА СКОПЈАНИ ИЗМАМИЛЕ ФИРМА ОД БЕЛОРУСИЈА ЗА ОКОЛУ 750.000 ЕВРА Со затајување данок го оштетиле македонскиот буџет за околу 585.000 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Умна жена…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС уште еднаш покажа дека е партија која е против градба на железница, против градба на болници и други капитални проекти

Sase Ivanovski

Мојсоска: Мицкоски велеше дека ќе поднесе оставка ако има поврзаност со агенцијата што ја обезбедувала „Пулс“

Sase Ivanovski

Герасимовски: Даночната канцеларија во Центар нуди побрза и поедноставна услуга за нашите жители

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите остануваат приоритет, растат капиталните расходи, остануваме посветени на развој и фискална консолидација

Sase Ivanovski

Огромното мнозинство Руси му веруваат на Путин

Sase Ivanovski

Сашко Мицевски назначен за нов в.д. директор на Агенцијата за филм

Sase Ivanovski

Орбан: Колапсот на Иран би бил извор на голема опасност

Sase Ivanovski

За следната недела се очекува одржување на третата рунда директни преговори меѓу Москва и Киев

Sase Ivanovski

Американец уапсен на Скијатос каде побегнал по убиството на жената и ќерката во Рим

Sase Ivanovski

10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

Советникот кој удри вработена во општина Кочани мора правно да одговара, вели Крстевски

Sase Ivanovski

Седумчасовно работно време во Црна Гора: Аргументи за и против

Sase Ivanovski

(ГАЛЕРИЈА) Нино Васев донесен во Апелација, каде ќе се одлучува дали ќе оди во ефективен притвор, или ќе остане во куќен

Sase Ivanovski

Македонија годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење

Sase Ivanovski

Кочани: Жената погодена со шише во глава од советникот Аки Акиов, е на домашно лекување

Sase Ivanovski

Маж од Македонска Каменица возел со 2,06 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Возач со голф прегази маж и жена на тротоар во Охрид, жената почина на лице место

Sase Ivanovski

Мерко денеска ќе добие пресуда за незаконското назначување на директори на три струшки училишта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кранист дреме во кран додека неговите колеги се сликаат со Трамп

Sase Ivanovski

Зошто е толку важен Ормутскиот теснец?

Sase Ivanovski

Израел гори, САД реагираат: ТХААДT, стрела-3 и противракетна одбрана за спас на животи

Sase Ivanovski

Потпишан меморандум за изградба на нов далековод меѓу Тетово и Призрен

Sase Ivanovski

Детали за несреќата: Дивац веднаш бил опериран, вграден му е вештачки колк

Sase Ivanovski

Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на Васев и Нухи

Sase Ivanovski

До септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави Томовски

Sase Ivanovski

Евроамбасадорот Рокас денеска во посета на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

На Богородица се чека половина час на македонска страна

Sase Ivanovski

Без струја делови на Аеродром и Карпош

Sase Ivanovski
Вчитувам....