Мицкоски за маржата на трговија на мало и големо посочи дека и едната и другата ќе бидат огрничени на 10 проценти и очекува да на „драматично“ намалување на цените на производите коишто најчесто се користат.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави:
„Па очекувам. Во текот на вчерашниот ден имавме седница на Владата на којашто од страна на министерот за економија и труд добивме исцрпен брифинг, но истовремено би рекол и дебрифинг од страна на извештајот којшто го има доставено Државниот пазарен инспекторат. Договоривме да во најскоро време се излезе со предлог.“
Мицкоски за маржата на трговија на мало и големо посочи дека и едната и другата ќе бидат огрничени на 10 проценти и очекува да на „драматично“ намалување на цените на производите коишто најчесто се користат.
Премиерот за маркетите изјави дека сите си водат своја политика на ажурирање на цените на нивните сајтови и доколку се сака да се видат кои се цените на производите тоа не би можело да се стори.
„Е сега дали тоа ќе има некаков ефект, тоа е пракса во некои од земјите во светот, ако во еден ланец маркети, еден производ чини Х цена, а во друг чини Х цена, тогаш како консумент јас ќе се под замислам од каде да го купам тој производ, но и тоа ќе создаде своевидна на конкуренција на едните со другите.“ посочи Мицкоски
Премиерот бара од миниситерот за економија и труд да свика работна средба и координација со сите институции како што е Комисијата за заштита на конкурентноста, Државниот пазарен инспекторат, за да се прошири акцијата, и да се види кај сите трговци како сетоа тоа функционира. Извор: Новинска агенција МЕТА