Пред 5 години храброста и визијата во политиката на тогашната Влада стави крај на три деценискиот спор, започнувајќи нова ера на соработка и регионална стабилност.Потпишувањето на Договорот од Преспа, за многумина невозможно го направивме возможно и покажавме дека дипломатијата и дијалогот можат да ги надвладеат конфликтите и поделбите. Тоа е возможно кога се носат одлуки во кои поголемото општо добро го ставаме пред нашите сопствени интереси.
Денеска сме горда и достојна членка на НАТО, која е доверлив партнер и сојузник на најсилните држави, членки на најголемиот безбедносен сојуз.Убеден дека заедно со нашите партнери и поддржувачи, со посветеност за градење посветла иднина за нашиот народ и за генерациите што доаѓаат, е возможно до 2030 да ја направиме ЕУ да биде помногубројна и пообединета, со Северна Македонија дел од неа.Предводени од добрата волја за создавање добра клима за добрососедски односи и европска перспектива ќе успееме да издвојуваме уште еден успех, членство во ЕУ.