Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес претседаваше со Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот каде што беше разгледана и усвоен нацрт текстот на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија за периодот 2024-2026, со соодветен тригодишен акциски план. Вицепремиерот се обрати на присутните со пораките за важноста на стратегијата која беше усвоена и според која се планираат проекти и политики.