Денес заедно со пратениците во Собранието на Република Македонија и претседателот на Советот на Општина Велес сакаме да ја споделиме оваа вест со велешани – во тек е подготовка и аплицирање на петнаесет проекти за капитални инвестиции на територијата на Општина Велес во соработка со Владата на Република Македонија. Дел од нив ќе се аплицираат денес, а останатите во наредниот период согласно предвидена динамика.
Со овие проекти обезбедуваме средства за:
1. Реконструкција на патот Отовица – Сојаклари;
2. Реконструкција на пат Челошево – Дорутовец;
3. Реконструкција на влез во с.Иванковци;
4. Реконструкција на влез во Башино Село – потег од Енмон до сред село;
5. Реконструкција на влез во с.Караслари – потег од бензинска пумпа Макпетрол до сред село;
6. Реконструкција на влез во с.Мамутчево;
7. Реконструкција на плоштад во центарот на градот;
8. Реконструкција на противпожарен дом, заедно со помошен објект и партерно уредување;
9. Реконструкција на спортска сала “Гемиџии” – електрика, водовод и дел од архитектура;
10. Реконструкција на ул.Васил Главинов со изградба на потпорен ѕид;
11. Реконструкција на фасада на ССОУ “Димитрија Чуповски”;
12. Реконструкција на ул.Васил Ѓорѓов – од крстосницата кај театарот до плоштад Којник;
13. Реконструкција на ул.11 Октомври ;
14. Реконструкција на ул.Белградска – делница од градинката до магацините на ЈКП Дервен;
15. Реконструкција на ул.Алексо Демниевски Бауман – потег од поранешен Жито Вардар до железничка станица.
Соработката помеѓу локалната и централната власт е клучна за развој на Општината, за што и во иднина ќе продолжиме да се залагаме. Поубав Велес е реалност! Продолжуваме посветено!
View this post on Instagram