МАКТЕЛ

    

Мерсел Биљали: Доаѓа многу опасна бура?!

      

Параг Кxана, врвен експерт по светска економија и геополитика, автор на бројни бестселери меѓу кои и книгата „The Future is Asia” (Иднината е aзиска), вели дека сме сведоци на многу големи тектонски промени на светско глобално ниво. Првин, светот го погодија две нови „светски војни“ – Ковид и Украина. А потоа и Блискиот Исток. Интересно што после секоја голема пандемија во светот се имаат случено големи катастрофи. Познато е дека по “Црната Чума“ во 14 век која уби скоро половината од становништво на Азија и Европа. Поради тоа тогаш пропадна најсилната империја низ целата човечка историја – Империјата на Монголите со над 33.000.000 км2 територија. Потоа познато е дека после „Шпанскиот грип“ се случи „големата економска депресија“ (1929-1933), која во Европа создаде енормна сиромаштија, состојба која го донесе Хитлер на власт. Цената – 50 милиони загунени животи и општ пекол низ целиот свет.

Потоа, поразот на тогашната суперсила СССР во Авганистан во 1988 година е поврзан со епидемијата „Мала Божица“ која во тие години косеше по таа сиромашна држава. Тоа руско повлекување доведе до падот на комунизмот во СССР, а потоа и во цела Источна Европа. А последната светска пандемија со коронавирусот доведе до опасна густа црна магла, поради која светот сè уште живее во голема темнина. И по три години, светската економија се движи како заталкан патник по голема пустина, кој само низ фатаморгана гледа убава оаза, полна со вода! Каналите за снабдување на глобалните пазари сега се многу посложени отколку што се мислел, а тоа ја погодува целата светска економија. Високите светски цени на енергијата и храната продолжуваат да предизвикуваат висока инфлација и големи политички потреси низ државите, дури и кај таткото на демократијата – САД. Глобалните економски чинители селективно продолжуваат да ги поткопуваат регионалните економии и глобалната економија како целина. Директорот на едната од најголемите светски компании „BlackRock“ – Лaри Финк, кој управува со над 10 трилиони долари, смета дека сега „имаме сериозен прекин кај економските компоненти што го поврзуваат светот“.

   

Четири години по ред, глобалниот економски раст е под три проценти, што е сериозен знак дека светот ќе стагнира подолг период. Цените на енергијата сè уште се високи бидејќи Русија е исклучена од значителен дел од светскиот пазар на нафта, a тоа влијае врз светската цена на овај енергенс. Бројни светски познавачи се на мнение дека „ерата на соработката со Русија на подолг период ќе биде парализиран“, и дека лесно-ветеното „24 часовно“ решение за руско-украинската војна многу тешко оди. Напротив, и по неколкуте рунди мировни средби, Русија продолжува со жестоки напади против Украина, што мирот го претворува во пустинска фотоморгана. Деновиве бомбардирањата продолжуваат дури долж границата со Полска, како своевидна голема „благодарност“ на американското посредување во Џеда (Саудиска Арабија)! Одделни европски земји се уште се на мнение дека потребен е нов пристап кон безбедноста на Европа, засновано „на сила, одбрана и одвраќање“, но тоа без САД е невозможно. Цената на нафтата продолжува да биде висока, дополнителното поради повторно усложување на состојбата во Газа, и поради кое јеменските Хути кои дополнително се активизираат со напади врз западни танкери во Црвеното море. Ситуацијата со светскиот мир се очекува дополнително да се усложни ако биде нападнет Иран, кој е верен сојузник на Русија и голем снабдувач на Индија и Кина со нафта.

Без дилема дека лошата економска состојба во државите видно фаворизира авторитарни политички опции, кои се природно толерантни кон режимот на Путин, дури во него гледаат свој природен сојузник. Фрапантно е дека во последните сондажи во Германија, екстремната десничарска партија АfD води дури пред Демохристијаните кои ги добија изборите пред само еден месец! За жал, во ситуација на економска криза, мал број луѓе знаат дека патот кон пеколот може да биде многу убав, ама сепак завршува во црниот пекол. Сега веќе и „пријателството“ меѓу Кина и Русија е под голем сомнеж. Познато е дека ако Русија значително ослабне, можно е да се зголемат апетитите на Кина кон голем дел од ненаселениот Сибир како „ветена земја“ за пренаселената Кина. Сега и еден неформален блок земји – Индија, Саудиска Арабија, Емирати, Виетнам, Турција и Бразил – влегуваат во некаква калкулантска игра. Мултинационалните структури на светот, особено Светската трговска организација и Светската здравствена организација, видно се ослабнети, да не кажеме парализирани. Иако ММФ привремено ја поврати својата важност, постојните макроекономски параметри може да го убијат и тој мал оптимизам, а Светска банка повеќе нема доволно ресурси. Сега постојат два можни патишта: создавање на нов светски поредок со различни функционални механизми, што е многу тешко да се создаде во постојните мултиполарни услови, а ако тоа не се случи, тогаш сме многу блиску до опасна глобална апокалипса.

Балканот во ќорсокак?! Со промените во САД, НАТО очигледно многу загуби oд својот авторитет, особено по многуте изјави дека нема да бидат заштитени земји членки кои не го платиле процентот според нивниот БДП. Американскиот изолационизам е убава храна за овдешните балкански популисти кои во коалиија со организираниот криминал сериозно размислуваат за да го дестабилизараат регионот. Додик веќе никого не прашува, дури смогна сила да ја истерува од Република Српска и германската министерка за европски прашања Ана Лирман! Од друга страна Вучиќ се прави дека „не е од тука“, оти и самиот се надева во вакво регионално заоштрување, со цел да се спаси себеси од студентскиот бунт. Така што сега практично Балканот наликува на село без кучиња, што е рај за големи владини арамии, кои во катастрофата на државата гледаат свој бизнис и спас. Одделни балкански држави почнаа веќе регионално да се поврзуваат меѓу себе, што води кон тоа да се создадат регионални мини-воени блокови за самозаштита. Тука Македонија е изгубена во времето и просторот. Таа премногу е зближена со Унгарија и Србија, што дијаметрално се коси со нејзиниот опстанок. Додик веќе најави дека Република Српска ќе ја приклучи кон сојузот меѓу Србија и Унгарија, кој сојуз без дилема дека завршува во Москва. Додик веќе има најавено дека босанскиот ентитет Република Српска ќе побара приклучување кон воениот договор со Србија и Унгарија. A cпоред Уставот на БиХ и Дејтонскиот договор, ентитети немаат надлежност да водат надворешна и воена политика.

При ваква компликација, македонскиот претседател(ка) и премиер треба да и се обратат на нацијата, додека сеуште нацијата се нема обратено до кај нив! Судбината на Македонија е крајна неизвесна, особено поради блискоста со Орбан кој веќе дефинира своја опасна агенда. Познато е дека мирот никогаш не умира по природен пат, туку поради неприродни умови кои наложуваат да се скокне во празен базен. Или пак во длабока река ама под услов скокачите доцна ќе се присетат дека не знаат да пливат! Во услови кога светот гори, овде сеуште се игра на „бугарскиот диктат“! Познато е дека во ептен турбулентно време, американците ја создадоа Република Македонија, и цело време ја штителе. Ама сега работите се сменија. Нема кој да ја штити освен некоја голема среќа. А таа не доаѓа сама по себе! Македонија во девeдесеттети години беше втора по развој во источна Европа (после Словенија). Многу понапред од Полска и Чешка, а за Бугариј и Романија бевме Америка. Со мала интервенција во името (за надворешна употреба) ќе станавме до Словенија. Но, едни луѓе само кога изворот ќе пресуши, ќе ја раберат вредноста на водата. Сега Македонија е најслаба држава во Европа и гордо продолжува да се движи кон дното. Не се знае кај ќе стаса, ама важно „да ја сочува гордаста“, која во нормалниот свет се нарекува самоубивство. Таквата „гордост“ е рамно на скокање во празен базен! Никако да се запрашаме – што ни се случи овие 35 години што од регионални „Американци“ се претворивме во глобални „Авганистанци“?! За лични и себични цели беа изманипулирани чувствата на граѓаните, а резултаттите од тоа се интеграциските блокади и целосната стагнација. Луѓето тешко можеле да разберат дека до успехот не се стигнува со лифт, туку со многу долги скали! Останавме токму таму кај што најголемите противници на оваа држава посакувале. Воопшто нема да не зачуди ако токму тие „противници“ да им подогнат големи споменици на „големите патриоти“! Веројатно за големата услуга! Мерсел Биљали

  

Најново

Максим Димитриевски можен кандидат за министер за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ го добива Куманово, а ЗНАМ – Центар?

Sase Ivanovski

Индонезија води во светот по бројот на џамии

Sase Ivanovski

Таравари: Приоритет е соработката со „Вреди“, но не исклучуваме ниту други резервни опции

Sase Ivanovski

Реакција на Германија: Република Српска не е независна држава, Додик нема право да прогласува „персона нон грата“

Sase Ivanovski

Илјадници поддржувачи на Ле Пен протестираа во Париз: Ние ќе победиме!

Sase Ivanovski

Неколку десетици земји бараат преговори околу увозните тарифи што ги наметна Трамп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во 1667 година, Дубровник бил уништен од земјотрес со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најавуваниот снег започна да вее и во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Билјана Ивановска во поткастот „Каде се парите?“ – ТРИ ГОДИНИ НИКОЈ НЕ ОДГОВАРА ЗА БЕСА ТРАНС И ЛАСКАРЦИ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сообраќајка пред Стража, кога доаѓате од Охрид – Возилата се излизгале, првичните информации се дека нема повредени

Sase Ivanovski

ДОЈДЕНО Е ВРЕМЕ ЗА ПРАВДА Таравари бара отворање на истрагите за „Дурмо турс“, „Беса транс“, за модуларна и целосна истрага за Кочани

Sase Ivanovski

ПРЕМИЕРОТ Ѝ ПОРАЧА НА ДУИ ДА ЏОГИРА НА ВОДНО „Можеби ќе им се разбистри умот“

Sase Ivanovski

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА ВО ПРОЛЕТ Патот Тетово – Попова Шапка не се вози со „летни“ гуми

Sase Ivanovski

Јован Костадинов: Не бев сам. Херои во Кочани беа сите што помогнаа да се спасат што повеќе луѓе

Sase Ivanovski

Против Бугари во Уставот се 82 отсто од Македонците и 11,3 отсто од Албанците

Sase Ivanovski

Манасиевски: Апасиев нема проблем со извршителите кои им го земаат лебот од уста на граѓаните, кога тој леб му го ставаат него во уста

Sase Ivanovski

Герасимовски: Засадени нови дрвја во Капиштец, инвестираме во здравјето на центарци и во животната средина

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи поради возење под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев декларативно беа против извршители, а на дело од нив купуваат одземен имот од граѓани или фирми за 3 пати пониска цена

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка кој свесно ширеше паника за наводно загадената вода

Sase Ivanovski

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ

Sase Ivanovski

Поради возење под дејство на алкохол, полицијата ноќеска привела четворица во Кавадарци, Штип и Пробиштип

Sase Ivanovski

Илјадници граѓани протестираа против станбената криза во Шпанија

Sase Ivanovski

Националните паркови и годинава ќе добијат пари од буџетот, ќе градат пристаништа и инфо центри

Sase Ivanovski

Контраспин: Преку прашања за меѓуетничките односи ДУИ спинува за средбата Мицкоски-Филипче

Sase Ivanovski

Иран стравува од американски напад, вооружените сили во борбена готовност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МВР ТРАГА ПО СИНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДОЛНЕНИ – објавената снимка од пукањето предизвика голем револт меѓу граѓаните

Sase Ivanovski

СПАСЕН ЗАЛУТАН ПЛАНИНАР НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ – ноќта ја поминал на отворено, но поради влошените услови загубил ориентација

Sase Ivanovski

ДВАЈЦА МОРТУС ПИЈАНИ ВОЗЕЛЕ НИЗ УЛИЦИТЕ НА КАВАДАРЦИ На „дување“ им измериле 3,34 и 2,65 промили алкохол

Sase Ivanovski

(ФОТО) ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ Голем интерес за електричните машини за урбана хигиена

Sase Ivanovski

1.200 ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ТРАМП СЕ ОДРЖАА НИЗ САД Рацете подалеку од нашата демократија, му порачаа демонстрантите

Sase Ivanovski

Дебар бара правда за Крешник – поставен транспарент во центарот на градот

Sase Ivanovski

(ФОТО) Снег го прекри и Крушево

Sase Ivanovski

Таравари: Нема тенденции да се обединиме со Села, не дискутираме за такво нешто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исен Шабани му сврте грб на Села и сега е под исти чадор со Таравари за да биде кандидат за втор мандат градоначалник на Врапчиште

Sase Ivanovski

Уапсен маж кој се забарикадира во зградата на парламентот во Отава

Sase Ivanovski

Муцунски: Грчките болници ги примија првите пациенти евакуирани од нашата земја

Sase Ivanovski

Зеленски ги осуди ракетните напади од Русија

Sase Ivanovski

Забрана за тешки товарни возила на Стража поради снег

Sase Ivanovski

ЦУК: Ефикасно и брзо е пронајдено залутаното лице кај Мрежичко на Кожуф

Sase Ivanovski

ЕК утре ќе и претстави на ЕУ список на американски производи со дополнителни царини

Sase Ivanovski

Зеленски: Притисокот врз Русија се уште не е доволен, бројот на напади се зголемува

Sase Ivanovski

Совет од Германија: Колку пари треба да се чуваат на тековната сметка?

Sase Ivanovski

Мицкоски за царините на Трамп: За скоро очекувам добра вест

Sase Ivanovski

Двајца пијани возачи приведени во Штип

Sase Ivanovski

Поради „диви трки“ и преголема бучавост одземени десет возила

Sase Ivanovski

Трга на пат првиот луксузен италијански воз „Долче Вита Ориент Експрес“, билет 3.500 евра

Sase Ivanovski

Пронајден хероин, кривична против три лица од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поранешната американска кошаркарка Лиз Камбаџ по пензионирањето отворила Onlyfans профил и вели дека првата недела заработила повеќе пари отколку за целата кариера во женската НБА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Анкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава и т.н. диви трки во Скопје

Sase Ivanovski

Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е со јасна визија за младите, наш приоритет е реализација на многу проекти од суштинско значење за младите луѓе

Sase Ivanovski

Мицкоски со пораки до младите: Нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам и љубов кон државата и народот од формирање семејство

Sase Ivanovski

Зошто толку многу Американци аплицираат за втор пасош?

Sase Ivanovski

Ле Пен вели дека пример и е американскиот борец за граѓански права Мартин Лутер Кинг

Sase Ivanovski

Побарувачката на возила со нулта емисија гасови се уште е далеку од она што треба да биде

Sase Ivanovski

Големо невреме ги погоди САД: Најмалку 16 загинати, предупредување за торнада и поплави

Sase Ivanovski

Излета „БМВ“ на автопатот Скопје-Тетово, четири лица повредени меѓу кои и малолетник

Sase Ivanovski

Таравари: Ние сме дел од ВЛЕН, ако не најдеме решение сами ќе одиме на избори

Sase Ivanovski

Министерство за здравство: Во моментот во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга држава каде лицето има здравствено осигурување.

Sase Ivanovski

Мицкоски од Тетово: Изграден е нов дел од булеварот „Видое Смилевски- Бато“ од Фуштанска до село Порој

Sase Ivanovski

Крилото на Арбен Таравари, соопшти дека донеле резолуција за трагедијата во Кочани и неопходноста од институционална одговорност.

Sase Ivanovski

Канаѓаните предупредија дека американските граничари може да ги пребараат нивните телефони

Sase Ivanovski

Русин преживеа напад од мечка, се преправал дека е мртов и мечката го оставила

Sase Ivanovski

Сообраќајна несреќа кај „Нова Македонија“, има повредени

Sase Ivanovski

Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски за попречување на правдата

Sase Ivanovski

Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

„Правда за Крешник“ поставен транспарент во центарот на Дебар

Sase Ivanovski

ОПЕК плус од мај го зголемува производството на нафта, веста го забрза падот на цените на пазарот

Sase Ivanovski

Повеќе од 150 Срби од Косово утринава пеш тргнаа кон Белград за протестот на Вучиќ

Sase Ivanovski

ДУИ: Имплементација на ISO 37001, антикорупциски стандард наречен систем за управување против поткуп

Sase Ivanovski

Двете британски пратенички приведени во Израел се на пат за Лондон

Sase Ivanovski

Мицкоски: Платата на просветните работници со раст од седум отсто

Sase Ivanovski

Крилото на Таравари на Алијанса за Албанците денес одржува собрание на партијата

Sase Ivanovski

Снег падна на Стража

Sase Ivanovski

Шок откритие во близина на Британија: Руски сензори шпионираат од длабочините на морето

Sase Ivanovski

На коцкарите не им е дозволен кредит во банките во Хрватска

Sase Ivanovski

Папата го имаше своето прво појавување во јавноста откако боледуваше од пневмонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Полиција во Германија пронашла три тела, градот блокиран, се бара убиецот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кочанската полиција поднесе кривична пријава за три лица, при претрес кај нив пронајден хероин

Sase Ivanovski
Вчитувам....