„И еднаш засекогаш мора да престанеме да очекуваме другите да ја завршат нашата работа и да одлучуваат за безбедносната архитектура на нашиот континент. Ако Европејците сакаат место на сопствена маса, ние мора да можеме да дејствуваме и да покажеме единство“, рече таа.
Кос посочи дека денес Унијата ја плаќа цената на многу начини, бидејќи не дејствувала во минатото и предолго била фокусирана на себе.„Не дејствувавме доволно решително на Западен Балкан и дури не ни помисливме на членството на Украина и Молдавија до 2022 година. Сега мора да ја завршиме работата под многу потешки околности“ – рече таа.