Овојпат, маршот започна точно во 18:05 часот – време кое, според организаторите, симболично ја означува доцната реакција на институциите во моментите кога трагедијата можела да биде спречена.
На родителите им се приклучи и в.д градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.
Една од мајките излезе пред медиумите и истакна дека ништо од Обвинителство не им е јасно, како и дека ќе поднесат барање.
Друга мајка пак побара помош и мониторинг од Коалицијата „Сите за правично судење“, како и од Европската Унија.Маршот започна од Паркот на револуцијата, продолжи низ трговскиот центар, па помина пред Општина Кочани, а потоа и пред Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството.