Руските сили доцна синоќа извршија масовен напад со дронови врз вториот по големина град во Украина, Харков, при што се повредени најмалку 11 лица, а е предизвикана голема материјална штета на станбени згради и на објекти од јавната инфраструктура, пренесува Ројтерс. Нападите предизвикале четири поголеми пожари и сериозни оштетувања на зградите.
Според објавите на социјалните мрежи, во текот на вечерта во градот се слушнале најмалку 15 експлозии. Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов изјави дека имало најмалку 12 напади со дронови врз градот кој е честа цел на руската војска и се наоѓа на само 30 километри од границата со Русија. Според регионалниот гувернер Серхиј Лисак, напад со дрон предизвикал пожар и во градот Дњепар. Инаку, Харков е честа мета на напади уште во првите недели од почетокот на инвазијата врз Украина.