Професори од средните училишта и од универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на матурантите ќе им држат бесплатни часови по математика, физика, хемија и биологија за да се подобри нивниот успех на матурата во кампањата „Иницијатива за идни научници“. Часовите ќе се одвиваат до мај. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, професор доктор Дејан Мираковски вели дека целта е идните студенти да изучуваат и природни науки и со подготвителна настава подобро да ги положат матурските испити.
-Тоа ќе им помогне да влезат во државните квоти што ќе им го олесни студирањето. Должни сме да им помогнеме на идните студенти, вели тој.
Средната оценка минатата година за матурантите беше 3.25.