Шефот на кинеската мафија Џанг Дајонг (53), со прекар „Ашенг“ и неговата сопруга Гонг Ксијаокинг (38), се пронајдени мртви на само неколку метри од зградата во која живееле во близина на квартот Пињето во источниот дел на Рим, објави италијанската полиција, а пренесува Си-Ен-Ен. Убиството се случило откако во Рим избувнала тријада банди, која се проширила од Прато во Тоскана.
Најмалку шест истрели биле испукани кон мафијашки пар кој се враќал дома со велосипеди во понеделникот доцна навечер. Убијци на мотор им се приближиле и отвориле оган. Тие починале од прострелни рани во задниот дел од главата.
一名涉嫌参与中国黑社会的男子张大勇 Zhang Dayong 及其伴侣(38岁东北女人,有赌博历史)在意大利罗马被“行刑式”枪杀。事件发生在4月14日晚上,地点位于罗马的Via Prenestina街道。枪手使用9毫米手枪,在他们住所的入口处接连开枪,击中两人头部后逃离现场。… pic.twitter.com/LHzFi9EeSg
— 张晓敏电影人🇺🇸🇨🇦 (@xiaominz_film) April 17, 2025
Обвинителите рекоа дека двојното убиство би можело да биде „убиство од одмазда“ и дека мотивот може да се поврзе со таканаречените „војни со закачалки“ кои ескалираа во последните години меѓу кинеските криминални групи специјализирани во текстилниот сектор, особено фабриките за брза мода во тосканскиот град Прато, во близина на Фиренца, соопшти полицијата на прес-конференција во вторникот. Полицијата вели дека убиството може да сигнализира прекин на лојалноста меѓу „картелите“ кои го контролираат секторот за облека.