34.8 C
Скопје
07/06/2025 16:00
МАКТЕЛ

   

“Мајка ми е мртва за мене” или Зошто жените ги прекинуваат врските со токсичните родители?

      

Две жени ги раскажаа свпите приказни зад конечната одлука за „никаков контакт“ со нарцисоидните мајки и за тоа како последиците влијаеле врз нивното ментално здравје и семеен живот
„Мајката е најдобра пријателка на ќерката“. Тоа е симпатична изјава што не би изгледала несоодветно на лигава честитка или на магнет за фрижидер, но за жените кои пораснале со токсичен родител, тоа е далеку од вистината.
Како што расте нашето познавање на модерната терапија и нејзините популарни фразо, така расте и бројот на луѓе кои критички гледаат на клучните односи во нивниот живот и како тие ги обликувале – на подобро и на полошо.

Лексиконите сега вклучуваат термини што некогаш се наоѓаа само во учебниците по психологија, при што сите, од политичари до партнери до родители, беа етикетирани како „нарциси“. Но, што всушност значи терминот?Нарцисоидното растројство на личноста (НРЛ) е сериозна антисоцијална состојба на личноста која се манифестира како екстремни нивоа на заинтересираност за самите себеси, предизвикувајќи луѓето со оваа состојба да ги игнорираат потребите и чувствата на другите, вклучувајќи ги и членовите на нивното семејство и децата. Нарцисите често имаат грандиозно мислење за себе. Тоа е хронична состојба и нема лек.

   

Но, ако ја имате таа несреќа да завршите со нарцис во вашиот живот – и уште полошо, ако сте одгледани од еден – што правите? Многумина ја донесуваат одлука на „прекинување контакт“. Но дали тоа е најдобриот пристап?
Две жени кои се задоволни со одлуката нивните нарцисоидни мајки да немаат повеќе место во нивните животи, објаснуваат зошто морале да ги прекинат релациите – додека психотерапевт ги објаснува предностите и недостатоците на прекинувањето на контактот.

„Семејниот живот се сведуваше на тоа да се биде понижен“
Мариет Јансен (66) е лајф-коуч и експерт за нарцизам. Таа пораснала со нарцисоидна мајка и го прекинала контактот со неа во нејзините 50-ти години.
-Немањето контакт со мајка ми ми даде чувство на слобода какво што никогаш порано не сум го доживеала. Одеднаш, на 55 години, можев да бидам само јас. Повеќе не бев во под постојан притисок, не морав да се справувам со нејзините негативни коментари и не морав да се справувам со разочарувањето од тоа како (не) се произнесуваше и однесуваше во мојот живот.

Едно од моите најрани сеќавања е од времето кога бев бебе. Носам пелена и прекрасен фустан. Седев во средината на голема, ладна, темна соба, на темен паркет – што го имавме во мојот дом од детството во Холандија – и се чувствував толку небезбедно.Второто најживописно сеќавање е од кога имав околу шест или седум години, кога им кажував на моите родители дека не мислам дека припаѓам во семејството. Мајка ми имаше брат близнак и иако не го познавав многу добро, се убедив себеси дека всушност сум негова ќерка.

Моите родители ми се смееја и го отфрлија тоа, и никогаш повеќе не беше споменато, но чувството дека работите не се во ред во нашето семејство, дека сè е моја вина и моја должност да го поправам истото, остана во мене.
„За околината изгледавме како совршено, прекрасно семејство“Јас сум второ од три деца, но бидејќи мојот постар брат е роден со когнитивни потешкотии и физички хендикеп, ме третираа како најстаро дете и од мене се очекуваше да ги сносам сите одговорности.

Мојата помлада сестра и јас не бевме толку блиски колку што можевме да бидеме, главно поради тоа што мајка ми ја саботираше нашата врска – честа тактика што ја користат нарцисоидните родители. Семејниот живот се состоеше од тоа да бидеме понижени и да бидеме потценети. Сè беше негативно. Беше непријатно, но за околината изгледавме како совршено, прекрасно семејство.
Мајка ми имаше страст за играње тенис и го тераше целото семејство да се натпреварува. Ова беше единствениот пат кога ми обрнуваше внимание, но мојата вистинска страст беше хокејот. Никогаш не дојде да ме поддржи.

Кога бев на универзитет, ѝ напишав писмо во кое ѝ кажав како се чувствувам во врска со нашата врска и иако знам дека го добила, не знам дали го прочитала.
„Беше бесна што немаше контрола“
Се преселив во Велика Британија пред 27 години откако се заљубив во мојот сопруг, Иан. Не основав семејство сè додека не наполнив 40 години и, за среќа, лесно забременив. Кратко потоа, дадов отказ од работата и се преквалификував како психотерапевт. Сега сум специјализирана за помагање на други жртви на нарцисоидна злоупотреба.

Се вратив во Холандија за да ја споделам веста. Мајка ми едноставно праша: „Дали навистина сакаш да забремениш?“ Перспективата на имање внуче не ја промени нашата врска. Како што се приближуваше терминот, таа и татко ми резервираа одмор во Канада. Тоа беше најдалечното патување на кое некогаш отишле во животот. За среќа, свекрва ми беше таму за да ми ја даде потребната поддршка. Решив дека сакам да правам сè спротивно од начинот на кој што мајка ми правеше и се молев да имам момче; Ако беше девојче, се плашев дека ќе станев мајка ми.

Кога почина сестра ми, на само 50 години, мајка ми мразеше што ми го предаде правото и моќта да одлучувам за нејзиниот имот на мене. Беше бесна што немаше контрола и бараше да ѝ ги дадам траката за трчање и апаратот за кафе на сестра ми. Ништо сентиментално, само нејзините најскапи предмети.
За мене чашата се прели кога таа одби да ми дозволи да разговарам со мојот брат кој беше на смртна постела. Се јавив во болница и ја слушнав како ѝ кажува на медицинската сестра да не ми се јавува. Бев лишена дури и од збогување.

Дотогаш, имав подлабоко разбирање за нарцизмот и знаев дека нема надеж дека нашата врска некогаш ќе се промени. Пред единаесет години и се јавив и и реков: „Не сакам никаков контакт со тебе. Секој пат кога разговарам со тебе сум вознемирена и тоа ги вознемирува момчињата. Нема никакви придобивки.“ Престанав да разговарам и со татко ми.
Не чувствував тага; ја оплакував целиот свој живот. Но, се прашував како ќе се чувствувам кога ќе почине. Двајцата мои родители починаа за време на нашето отуѓување, прво татко ми, а потоа мајка ми, пред пет години. Дознав случајно, откако некој ми испрати порака на Фејсбук изразувајќи сочувство.

Погребот веќе беше одржан, но сепак немаше да одам. Во нејзината евиденција, во која се внесени информации што ги дала на нејзиниот дом за стари лица, пишувало дека никогаш не била мажена, ниту имала деца. Го избришала нашето семејство потполно.Сега, се чувствувам благословена. Имам одлично семејство. Разговараме и се смееме бескрајно. Додека не ги добив моите деца, никогаш не верував дека е можно да се има семејство каде што забавата, довербата и почитта се високо на листата. Тоа е лековито.

Д-р Мариет Јансен е авторка на „Од жртва до победник: Водич за преживување на нарцисоидност“.
„Врската го контролираше целиот мој живот емоционално“Матилде Кроцини, 40, пораснала во Италија пред да се пресели во Велика Британија. Таа одлучила да ја исклучи својата вечно незадоволна мајка од својот живот.
Последниот пат кога разговарав со мајка ми беше пред три и пол години. Цели 15 минути ми викаше по телефон. Беше толку гласно и сурово што моите две ќерки, кои сега имаат 11 и 14 години, можеа да го чујат секој нејзин збор. Во тој момент ѝ реков: „Не ми треба ова“, и оттогаш не сум слушнала ништо од неа.

Првите 10 години од мојот живот ме одгледа баба ми по мајка во Италија, а мајка ми ретко беше присутна. Таа работеше настрана, а кога се враќаше дома, се обидуваше да ме натера да се однесувам како што сакаше таа, иако чувствував мала поврзаност со неа. Ја сметав за премногу доминантна, а нејзините барања честопати беа преоптоварувачки и збунувачки.
Потоа, кога имав 12 години, мајка ми се пресели од нашиот роден град во Италија во Ирска, а јас ѝ се придружив откако завршив колеџ.

„Мислев дека ми е најдобра пријателка“
Нарушувањето значеше дека моето детство беше хаотично и неуредно, и иако тогаш не барав поддршка, мислам дека ако го направевв тоа ќе ми беше дијагностицирана депресија од раните тинејџерски години. Како возрасна, за да се исцелам емоционално, студирав билна медицина, почнав да практикувам јога и станав мајстор за реики.

Го запознав мојот сопруг пред 17 години, во еден хаотичен период од мојот живот во кој многу беше вклучена мајка ми, и потоа добивме две деца. Но, пред околу шест години чувствував дека сè во мојот живот оди наопаку. Работата застојуваше, нашиот брак одеше на лошо, а мојот однос со најстарата ќерка стануваше сè потежок.
До тој момент, мајка ми беше светот за мене. Иако отсекогаш чувствував дека има некаков луд натпревар меѓу нас, мислев дека таа ми е најдобра пријателка. И покрај мојот прекинат однос од детството со неа, станавме супер блиски, иако таа се мешаше во мојот однос со баба ми. Сепак, јас бев единствениот член на моето семејство кој не се караше со неа и верував дека го кршам генерациското проклетство на моето семејство од мајки и ќерки со катастрофални врски.

Потоа, почнав подлабоко да навлегувам во моите емоции и се соочив со некои сурови вистини за мајка ми, иако сè уште немав поим што е мајчински нарцисизам, а немав ни поим што е „прекинување контакт“.
На почетокот на 2022 година разговаравме по телефон – таа оттогаш се врати во Италија – и работите се загреаа. Почна да ми вика и да ме навредува, и нешто во мене се активираше. Помислив: „Тоа е тоа! Таа го прави ова постојано, а јас секогаш го трпам. Но, нема да го правам тоа повеќе.“ Мирно ѝ кажав дека имам нешто друго за правење и дека нема да го прифатам таквото нејзиното однесување. Тоа беше последниот пат кога разговаравме.

„Задоволна сум од мојата одлука и сум целосно непоколеблива“
Последиците од мојата одлука ме натераа да сфатам дека нешто сериозно „не е во ред“ во нашата врска. Таа го претвори тоа во голема приказна за тоа дека сум ја нападнала, бидејќи сум лоша ќерка. Јас бев проблемот затоа што бев премногу чувствителна.Членовите на семејството се обидоа да се вклучат и да се борат на страна на мајка ми, класично сценарио на „летачки мајмуни“, каде што нарцисоидна личност ќе ги испрати другите да ја завршат нивната валкана работа. Моите баба и дедо ме прашуваа: „Како може еден телефонски повик да стане толкав проблем?“

Одвреме-навреме некој ќе ја спомене можноста повторно да разговарам со мајка ми, но јас сум задоволна од мојата одлука и сум сосема непоколеблива. Никогаш не можев да ѝ кажам “не”, или на некој друг, и не сите се чувствуваат удобно што сега можам со сигурност да го користам тој збор.Имав поддршка од мојот татко, кој е разведен од мајка ми со децении. Тој ми даде голема доза на разбирање. Можеше да види колку бев заплеткана со неа и како таа врска го контролираше мојот живот емоционално.

Мислам дека физичката дистанца меѓу нас – таа живее во близина на Фиренца – го олесни целосното отсуство на контакт, во извесна смисла. Но, не стануваше збор само за отстранување од орбитата на мајка ми. Морав многу да работам и на себе.„Отсуството на контакт ми даде простор да погледнам длабоко во себе“
Дали жалам што таа не е во животот на моите ќерки? Краткиот одговор е не. Разговарам за неа со нив и тие ја знаат целата приказна. За среќа, нивната прабаба е многу присутна, и затоа ја нарекуваат баба. И, сè додека не почина пред две години, тие имаа и неверојатна баба од страната на нивниот татко.
Се фатив себеси како ги повторувам шемите од моето сопствено детство. Моето однесување беше слично како на мајка ми и влијаеше на самодовербата на моите ќерки, нивната способност да се поврзат со другите и нивната способност да се поврзат со мене.

Прекинувањето секаков контакт го промени тоа. Ми даде простор да погледнам длабоко во себе и да видам како се однесував со моите ќерки. Сега сум многу поблиска до нив и имаме прекрасна, отворена врска. Можам да преземам одговорност и да се извинам ако кажам нешто што е погрешно, а тие се чувствуваат удобно да ми кажат што било – дури и ако е за да ми кажат дека сум кажала нешто што ги вознемирило.
Она што го научив од сопственото искуство ме овласти да им помогнам на другите жени да ги излекуваат своите мајчински рани. Во тоа лежи моќта на мојот подкаст, „Ќерки на нарцисоидни мајки“, и групното и индивидуално лекување што го правам со други жени кои се борат со наследството од начинот на кој биле воспитани.
Совети од Сали Бејкер, психотерапевтка, за тоа како да се справите со нарцисоидна мајка
Сум имала клиенти кои имале неверојатно токсични и штетни врски со своите мајки, но освен ако не биле навистина насилни – сексуално или физички – и тоа продолжило во зрелоста, генерално не советувам прекинување на било каков контакт.

Поставете граници
Освен некои екстремни случаи, каде што сега возрасното дете се чувствува манипулирано или обесхрабрено во врската со својата мајка што едноставно не може да постави граници или да смисли какво било образложение каде може да се заштити, верувам дека прекинувањето контакт треба да се користи како последно средство.

Наместо тоа, она што е навистина корисно да се истражи кога сте заробени во тешка динамика со сопствената мајка е да работите на градење на вашата отпорност. Многу жени се борат да постават граници, но верувам дека учењето на вештините и градењето самодоверба за да го направите тоа треба да биде првиот чекор.
Поставувањето граници е со цел да се структурира таа врска на начин што ви одговара. Може да биде едноставно како намалување на неделниот повик на месечен или поставување временско ограничување за тоа колку траат вашите разговори или средби.

Обратете се кон вашето внатрешно дете
Луѓето би направиле се во своја моќ за да избегаат од негативното родителство или од навистина токсичната врска со своите родители, но можно е да се добие истото чувство на олеснување со тоа што ќе ја завршат својата психолошка работа на терапија.

Често работам на „два стола“ со клиенти чија мајка починала или кои не се во контакт, каде што разговарате со отсутниот родител. Болката што ја чувствуваат е толку реална и сурова како мајката да е сè уште жива или во собата, па затоа едноставното отсуство на контакт нема да функционира – треба да се фокусирате и на емоционално исцелување.
Додека луѓето не се обратат на своето повредено внатрешно дете, тие може да продолжат да имаат шема во своите животи каде што избираат сексуални и романтични партнери кои го играат истото сценарио што го доживеале во детството.

Без разлика дали станува збор за години поминати во еднострана врска со некој што навистина не сака да им се посвети, или сценарио со некој што ги понижува и ги малтретира, тие ќе бидат заглавени во јамка од негативни сценарија што се одвиваат и ја реплицираат таа претходна врска.
Прекинувањето контакт е последно средство
Нема шанси да се залагам жените да бидат отворени за континуирана вербална или емоционална злоупотреба од нивната мајка, но едноставно не чувствувам дека во повеќето случаи прекинувањето контакт е решение.
Извор: Телеграф
Превод: Мила Макаровска

   

Најново

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ja пренасочува опремата против дронови наменета за Украина кон Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Бранимир Јовановиќ за „Слободен печат“: Фалбите за економски раст се празни флоскули и чист пи-ар

Sase Ivanovski

Митови и факти ЕП 16 | Ѓорчев: Колективниот Запад не постои, светот е мултиполарен

Sase Ivanovski

Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме

Sase Ivanovski

Трамп нареди истрага за активностите на Џо Бајден

Sase Ivanovski

ЗОШТО НЕ Е ДОБРО ДЕЦАТА ДА ИМААТ СВОИ ПАРИ? Не смеат да прават што сакаат и да трошат без да прашаат

Sase Ivanovski

МОМЧЕ ОД НЕГОТИНО БИЛО ПРЕТЕПАНО ОД ТРОЈЦА НАСИЛНИЦИ Побегнало кај родителите, удриле и по нив

Sase Ivanovski

Хамас тврди дека израелската армија го опколила делот од Газа каде што држи израелски заложник

Sase Ivanovski

АНГЕЛА И АНДРЕЈ СЕ ВРАТИЈА ДОМА Од болницата во Белград отпуштени се последните пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

САД го назначија Алексус Гринкевич за нов врховен командант на НАТО за Европа

Sase Ivanovski

Парите од УСАИД, САД ќе ги даваат на фондација за помош на Газа

Sase Ivanovski

Министрите на НАТО ја договорија најголемата програма за оружје од Студената војна

Sase Ivanovski

ДЕН ЗА СПОМНУВАЊЕ НА МРТВИТЕ Македонски народни обичаи и верувања за Духовден

Sase Ivanovski

Со 250 милиони долари, Стејт департментот ќе го финансира доброволното враќање на мигрантите

Sase Ivanovski

СРЦЕТО РЕАГИРА БУРНО НА ЖЕШТИНАТА Еве како да се заштитите и да спречите срцев или мозочен удар

Sase Ivanovski

ЗА ОНИЕ НА КОИ ХРАНАТА ИМ Е УТЕХА Еве како да препознаете емоционално прејадување

Sase Ivanovski

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ СВЕТА ГОРА Се стресе Халкидики, туристите се во паника

Sase Ivanovski

КОЛКУ ПАТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ СЕКС ЗА ДА НЕ БИДЕТЕ ДЕПРЕСИВНИ? Науката го откри магичниот број

Sase Ivanovski

АПСАЈД ДАУН Биполарно растројство: 10 симптоми и како да ги препознаете?

Sase Ivanovski

Косово: И 28. обид за конституирање на парламентот заврши без успех

Sase Ivanovski

Русија ја обвинува Украина за одложување на договорената размена на затвореници

Sase Ivanovski

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир

Sase Ivanovski

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда

Sase Ivanovski

ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Sase Ivanovski

Трамп за нападите врз Украина: Му дадоа причина на Путин да влезе и да ги бомбардира

Sase Ivanovski

КЛАНОТ ЗАЕВИ И ФИЛИПЧЕ ПРОФИТИРАЛЕ ВО ВРЕМЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА Препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја, вели ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Maјката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем, вистината ќе победи по Божја волја

Sase Ivanovski

Мајли Сајрус со шокантна исповед: Потрошив огромни пари на дрога, го лажев мојот сметководител

Sase Ivanovski

Висар Ганиу може да стане „Артан Груби момент“ за Мицкоски – Неуспехот на „Вреди“ на локалните избори ќе го стави премиерот Мицкоски во деликатна ситуација и ќе слуша како легионите на ДУИ веќе тропаат на вратата на Владата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БАЛКАНСКИ КАВГИ ЗА ЕВРОПСКО СКОПЈЕ – Данела Арсовска,Стефан Кирков-Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците соборија руски Су-35 над Курск

Sase Ivanovski

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено – граѓаните да пријават штети!

Sase Ivanovski

5.500 евра казна за продажба на енергетски пијалоци на деца, Путин го потпиша законот

Sase Ivanovski

Силен земјотрес во Грција, туристи во паника бегаат од таверните

Sase Ivanovski

Во Тексас стравуваат од сериски убиец

Sase Ivanovski

Албанците се недоволно застапени во клучни институции, реагира ДУИ

Sase Ivanovski

Загина девојка од Сарај во тешка сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Возачите кои транзитираат да не возат со голема брзина, немаме патишта за брзи возила

Sase Ivanovski

Утре изгор жешко со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

Уапсен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 12 години

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Шест месеци по бегството, на Фејсбук се огласи Артан Груби

Sase Ivanovski

Блумберг: Трамп ќе се обиде да депортира мигранти од Хаити, Куба и Никарагва на Балканот

Sase Ivanovski

Трамп против Маск: Кој може повеќе да загуби?

Sase Ivanovski

Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!

Sase Ivanovski

Утре уште потопло – со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

КАПРИ, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

И ГРЦИТЕ ИМААТ ВЕНЕЦИЈА, СЕ ВИКА АИТОЛИКО

Sase Ivanovski

На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија

Sase Ivanovski

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Sase Ivanovski

Грета Тунберг со едрилица се приближува кон Газа, сака да ја пробие израелската блокада

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле за тоа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНАТА БАРСЕЛОНА

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ АМСТЕРДАМ

Sase Ivanovski

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski
Вчитувам....