„Тие што преживеаја трајно ни ги оштетија. Затоа ако имате грам совест и човечност, барем за детските животи, придружете ни се на нас родителите на убиените ангели, да почнат да размислуваат што се вистинските вредности во животот, кои со пари не можат да се купат“, вели Трифунова.Родителите и блиските од семејствата на настраданите во пожар во „Пулс“ в сабота, 7 јуни ќе го организираат седмиот „Марш за ангелите“, во знак на почит кон починатите и поддршка на побрзо закрепнување на повредените во трагичниот настан.
Маршот ќе почне во 16 часот и 5 минути од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар. Потоа учесниците ќе отидат пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.Семејствата ги повикуваат сите граѓани кои им даваат поддршка во барањето неселективна правда да им се придружат.За одржувањето на маршот уредно се известени сите надлежни институции, а медиумите да го проследат и да ја почитуваат приватноста и болката на семејствата на настраданите.