Додека играта „Quake“, своевремено мултиплеер наследникот на серијалот игри „Doom“, досега беше достапна за играње во прелистувач (browser), Мајкрософт направи верзија од „Quake II“ со вештачка интелигенција (АИ) со повисока резолуција и можност АИ да генерира нови верзии на стари игри – преку вештачки гејмплеј на игрите и автоматско подобрување на квалитетот на играта. Оваа метода ќе биде екстремно корисна во идното произведување на видеоигри. Играта може да се проба овде. Бидејќи претходно гејмплејот зависеше од човечки фактор на играчи за фидбек и тестирање на игри, со овој подвиг на Мајкрософт низ процесот на развивање на АИ, не само што се скратува работа, туку комплетната работа преку АИ во развој којшто „сè уште нема самосвест” дава и финални веднаш видливи резултати со крајно нови верзии, во вид на нов производ. Ова видео убаво го илустрира пробивот:
View this post on Instagram
АИ моделот Muse го прави токму ова и тотално генерира цели игри со нивоа и сè друго од додатоци, со цел да се помогне на идните девелопери на игри дури и да прават нови прототипи на игри – побрзо и со генериран истанчен до перфекција технички квалитет. Ова е последователен процес на таканаречената X-Box AI ера што Мајкрософт ја најавува уште од ноември минатата година и нивната заложба да посветат екстра напори на овој процес. Исто така, се истражуваат и начини како постари игри да се донесат во стадиум да функционираат на понов хардвер, што е прашање кое пред ова се решаваше со специјални верзии на конзоли (и стари и обновени верзии) или со емулатори на конзоли за персонални компјутери. Замислете да можете сите стари игри да ги играте во „browser“ и да бидат со зголемен квалитет – ова е и од големо значење најновите генерации да ја доживеат гејминг културата каква што била во нејзините зачетоци. Иако изгледа комплицирано да се објасни овој концепт, еве како го доловува тоа Фил Спенсер, извршен директор на „Мајкрософт Гејминг“ во февруари:
„Може да замислите иднина каде податоците од гејмплеј и видео материјали од игри што (AI -ВИ) модел може да ги научи и стварно да ги направи функционални за сите платформи каде што тој модел може да работи.” „Зборувавме за зачувување на класични постари игри како една од нашите активности и овие модели и нивната можност да разработат како се играат игрите без потребата на оригиналниот енџин да работи на соодветниот хардвер. Се отвораат еден тон можности“, додава Спенсер. Ова колку и да изгледа како обична тековна работа на игри, всушност е пробив во гејминг индустријата што нуди само екстремно добри работи и отворање нови врати на креативност во иднината на видеоигрите воопшто. Извор: Новинска агенција МЕТА