„Дрогата беше најголемиот трошок. За да го скриеме тоа од сметководителот, го водевме како трошок за облека“, рекла Мајли.
Додала дека овие трошоци доаѓале за наплата во текот на турнеите, а нејзиниот сметководител на крајот почнал да поставува прашања.
„Секој пат кога ќе ме видеше, ме прашуваше: „Каде е таа оригинална маица на Џон Ленон од 15.000 долари што ја купи?“ А јас одговарав: „Горе е, ја чувам, ткаенината е многу чувствителна.“
Шегувајќи се, таа заклучила дека таа година „купила многу скапа облека“.Осврнувајќи се на периодот кога го снимала тој албум, Мајли признала дека е среќна што го преживеала.
„Толку сум среќна што го преживеав тој период. Не би препорачала никому да оди толку далеку, но ми е мило што го преживеав и се извлеков.“
Инаку, пејачката отворено зборува за својата борба со зависноста со години. Уште во 2017 година, таа изјави за „Билборд“ дека се „трансформирала“ откако престанала да пуши марихуана.
„Не пушам три недели, што е најдолгиот период без неа. Не земам дрога, не пијам, целосно сум чиста. Само сакав да го направам тоа“, рекла таа во тоа време.
Но, таа признала дека повторно почнала да пие за време на пандемијата. Во интервју за „Ролинг стоун“ во 2021 година, таа рече: „Не сум користела дрога со години. Не се обидувам да ја предвидам иднината или да се преправам дека ништо не може да се случи. Но, искрено, нешто страшно би морало да се случи за повторно да посегнам по дрога.“