Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва соопшти детали за сообраќајната незгода што денеска се случи меѓу воз и автомобил на железничкиот премин кај скопско Зелениково.
Оттаму информираат дека случајот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавен во 18:10 часот и дека полициските екипи веднаш се упатиле на местото на настанот. “Незгодата се случи кај селото Зелениково меѓу патничко возило ‘тојота‘ и воз. Возилото е управувано од Ж.М.К. (51) од Скопје, а возачот на возот е С.М.“, се вели во соопштението од МВР.