МВР излезе со детали за вчерашната сообраќајка во Аеродром, близу трговскиот центар Бисер.
„Вчера во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „киа“ управувано од В.Ш.(42) од Скопје и возило „ауди“ управувано од Ф.Т.(33) од Скопје.Во несреќата со повреди се здобиле 42-годишната В.Ш., Ф.Т. и неговата сопатничка М.Т.(34) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ “, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.