Во текот на вчерашниот натпревар меѓу Вардар 1961 и Пелистер полициски службеници одзеле пиротехнички средства од навивачи кои пристигнале да го гледаат ракометниот натпревар во Битола. Станува збор за две лица од Битола на 23 и 26-годишна возраст.
– МВР информира дека за време на синоќешниот ракометен натпревар помеѓу екипите на РК „Вардар 1961“ од Скопје и РК „Пелистер“ од Битола во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје полициски службеници ги лишиле од слобода П.Д.(26) и Д.А.(23), двајцата од Битола, зашто кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства – се посочува во соопштението на МВР.Според МВР, против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.Фото: Принтскрин/МИА