Медведев, кој воопшто не беше на своето ниво, во текот на мечот не можеше да поверува што му се случува и фрустрирано реагираше на играта на својот противник. Во еден момент рускиот тенисер во моменти на немоќ на интересен начин ја коментирал играта на противникот.
„Зошто не игра вака секој ден, да заработува милиони и не стане богат? Не, тој одлучува тоа да го направи еднаш годишно,“ – коментирал Медведев за време на вториот сет.
Изјавата првично ја објави тенискиот новинар Бастиен Фашан, но видеото подоцна беше избришано од социјалните мрежи поради авторски права од Вимблдон.