Мексиканските власти пронајдоа три тела во областа на Долна Калифорнија, каде што исчезнаа тројца туристи од Австралија и САД. ФБИ кажа дека телата се пронајдени во зафрлена карпеста област кај градот Санто Томас и засега не се идентификувани. Браќата Џејк (30) и Калум Робинсон (33) од Перт и 30-годишниот Американец Џек Картер Роуд биле на сурфање близу популарниот туристички град Енсенада, кога исчезнале на 27 април. Претходно се пронајдени напуштени шатори, изгорен бел пикап и телефон поврзани со исчезнатите туристи.
Семејството изгубило контакт со браќата Робинсон минатата сабота, кога тие планирале да кампуваат близу плажа, а потоа требало да престојуваат во приватно сместување во Росарио. Но, тие никогаш не се пријавиле таму. Тројца мексикански државјани, двајца мажи и една жена, се уапсени во врска со нивното исчезнување.