Продолжува опсервацијата на петгодишното дете од Делчево, кое синоќа проголтало две таблети антидепресив за возрасни и потоа било примено на Детската клиника во Скопје.
– Петгодишното дете од Делчево синоќа беше примено на Детската клиника во Скопје со брза помош, со податок за испиени две таблети антидепресив за возрасни. Детете е примено во релативно стабилна состојба, мониторирано, во тек на дежурство со стабилни параметри. Денеска продолжуваме со опсервација на детето до утре, а ако се е во ред, детето ќе биде пуштено дома, изјави за МИА директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје д-р Реџеп Мемеди