Движењето ЗНАМ формира преговарачки тим за соработка со политичките партии и нормално е дека ние во рамките на владиното партнерство веќе ги почнуваме разговорите со нашиот владин партнер ВМРО – ДПМНЕ. Во делот за настапот на локалните избори, партиското раководство размислува за самостоен настап на ниво на советнички листи, а во делот на соработка за избор на кандидати за градоначалници во општините, размислуваме за соработка и заемна поддршка со ВМРО – ДПМНЕ. Меѓутоа, секако, кандидатите на ЗНАМ ќе бидат кандидати самостојни на ЗНАМ, поддржани од ВМРО – ДПМНЕ и нивната коалиција, истакна денеска на прес-конференција, портпаролот на движењето, Никола Мемов.
Засега било разговарано исклучиво со коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ, „За подобра Македонија“. На прашањето, дали е можна поддршка и коалиција со некоја друга партија, тој одговори дека, конечниот заклучок и соработка за евентуална таква поддршка на локалните избори, ќе било одлучено од органите и телата на партијата.