Оваа соработка претставува заедничка заложба за создавање на услови кои ќе овозможат трансфер на знаење, истражувачка соработка, стручна експертиза, како и реализација на практична настава и професионални обуки, се вели во соопштението. На 6 мај 2025 година, Македонското кредитно биро (МКБ) и Американскиот Универзитет на Европа – ФОН потпишаа Меморандум за соработка. Од МКБ велат дека меморандумот означува „почеток на една значајна институционална врска насочена кон унапредување на знаењето, образованието и практичната примена на вештини меѓу студентите“. Меморандумот го потпишаа директорот на Македонското кредитно биро м-р Тони Трајанов, ректорот на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Саво Ашталкоски и директорката Сезен Цаноска.
„Оваа соработка претставува заедничка заложба за создавање на услови кои ќе овозможат трансфер на знаење, истражувачка соработка, стручна експертиза, како и реализација на практична настава и професионални обуки“, се вели во соопштението.
Од МКБ информираат дека соработката ќе опфаќа широк спектар на активности, меѓу кои: – Спроведување на заеднички научни и стручни истражувања; – Организирање на конференции, семинари, курсеви и други образовни настани; – Вклучување на експерти, гостински предавања од МКБ на АУЕ – ФОН; – Стекнување на практични вештини од страна на студентите преку клиничка настава и обуки во реална работна средина; – Заедничко учество на кариерни саеми и други настани насочени кон развој на човечки капитал.
Според МКБ целта на оваа соработка е да се обезбеди трансфер на знаење и искуство помеѓу академскaта заедница и бизнис секторот, со фокус на создавање кадар подготвен да одговори на современите предизвици и потреби на пазарот на труд. „Иницијативата има за цел и да ја зајакне врската меѓу образованието и практиката, во насока на креирање на реални можности за младите и идните професионалци“, порачуваат од Македонското кредитно биро.