Чешкиот тенисер Јакуб Меншик е вториот финалист во финалето на Мастерс турнирот во Мајами, САД. Меншик во полуфиналната фаза успеа да го совлада Американецот Тејлор Фриц со резултат 2:1 во сетгови 7:6 (4), 4:6 и 7:6 (4) по два часа и 27 минути игра. Противник на Меншик во финалето ќе биде Новак Ѓоковиќ кој претходно во полуфиналето триумфираше против Григор Димитров.
Меншик и Ѓоковиќ досега се сретнаа еднаш, минатата година Србинот беше подобар на АТП Мастерс турнирот во Шангај, Кина, во четвртфиналето со 6:7 (4), 6:1 и 6:4. Финалниот меч во Мајами е закажан за в недела во 20.00 часот.