21.8 C
Скопје
09/05/2025 10:59
МАКТЕЛ

     

МЕП Муртезани: „Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба“

      

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес се обрати на он-лајн промотивен настан за проектот „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, во организација на Институтот за европска политика, а кој претставува платформа за регионална размена на искуства и добри практики во следењето и оценувањето на реформите, со учество на претставници од институциите, граѓанското општество и меѓународните партнери.

Во своето обраќање, министерот Муртезани ја нагласи важноста на структурираните и транспарентни механизми за следење на реформите, како клучни алатки за ефективно управување со реформските процеси и зајакнување на јавната доверба. Тој истакна дека Реформската агенда 2024–2027 година претставува национално управувана трансформациска платформа што ја вградува европската агенда во институционалните политики, при што се заснова на пет стратешки столба: владеење на правото, зелена транзиција, дигитална трансформација, човечки капитал и добро управување. Министерот подвлече дека реформите мора да бидат резултатски ориентирани, континуирано следени и отворени за корекции, за да ја одразат реалната динамика и очекувањата на граѓаните и партнерите. Во продолжение следи интегралниот говор на МЕП Муртезани:

   

Почитувани колеги, партнери и претставници на граѓанското општество, Дозволете ми на почеток да упатам искрена благодарност до Институтот за европска политика за посветената координација на денешниот настан и за нивниот континуиран придонес кон регионалниот дијалог за реформите и растот. Овој регионален напор е многу неопходен затоа што воведува структура, транспарентност и споредливост во начинот на кој го оценуваме и соопштуваме влијанието на реформите во јавниот сектор. Во општество каде што очекувањата од институциите се високи, а временските рамки се кратки, јасноста во следењето на реформите не е само техничка работа, туку стратешка неопходност. Проектот за кој денес разговараме директно се однесува на предизвиците со кои се соочуваме како национални координатори на сложени реформски агенди. Како министер задолжен за европски прашања и назначен за национален координатор за Реформската агенда на Северна Македонија, непосредно ја согледувам важноста од алатки кои не само што ги следат резултатите од реформите, туку и ги одразуваат институционалните напори, кохерентноста на политиките и општествената релевантност на она што се стремиме да го постигнеме.

Реформската агенда 2024-2027 година е национално управувана платформа за трансформација. Таа беше осмислена преку структуриран процес во кој беа вклучени ресорните министерства, граѓанското општество, развојните партнери и меѓународните експерти. Но, нејзиниот кредибилитет не се произлегува од нејзината замисла, туку на способноста да ги претвори политичките приоритети во видливи промени. Агендата препознава пет централни столба што ги одразуваат и националните и европските приоритети: владеењето на правото, зелената транзиција, дигиталната трансформација, развојот на човечкиот капитал и доброто управување. Секоја од овие области содржи посебни реформи, временски рамки и очекувани резултати, но и покрај тоа, тие се меѓусебно зависни и се надополнуваат. Во изминатата година, Северна Македонија презеде конкретни чекори за вградување на оваа агенда во работата на јавните институции. Со донесувањето на новиот Закон за буџети се воспостави потранспарентна рамка за управување со јавните средства заснована на правила. Системите за внатрешна финансиска контрола се прошируваат и се вградуваат во клучните институции. Во областа на човечкиот капитал, се управува со регионални центри за стручно образование со цел подобро усогласување на образованието со потребите на пазарот на трудот. Во рамките на Зелената агенда, оперативните рамки за енергетска транзиција се воведуваат паралелно со планирањето на законодавството. Сите овие мерки се следат во однос на јасно дефинирани одредници и показатели за успешност.

Во овој контекст, Следењето реформи и раст не претставува само компаративен збир податоци. Проектот нуди можност, следењето на реформите засновано на докази да се интегрира во планирањето на политиките, одлуките за финансирање и механизмите за јавна одговорност. Ја засилува пораката дека реформата не е повремена активност, туку постојана обврска. Уште поважно, ова ни овозможува да ги согледаме нашите напори во споредба со оние во регионот, каде е постигнат напредок и каде постои потреба од заедничка акција. Особено ми е задоволство што на овој настан присуствува и мојата колешка Маида Горчевиќ, министерка за европски прашања на Црна Гора, и воедно национален координатор. Нашата соработка трае одамна, но со текот на времето станува сѐ поважна. Како колеги, работиме во политички системи кои можеби се разликуваат во детали, но се соочуваат со истиот клучен предизвик: како да се спроведат трансформативни реформи под притисок на ограничените ресурси, зголемените јавни очекувања и барањата на процесот на пристапување во ЕУ. Оваа меѓусебна соработка не е важна само за унапредување на нашите национални практики, туку и го зајакнува регионалниот глас во дијалогот со Европската Унија и меѓународните партнери.

Координацијата на националната Реформска агенда не значи само усогласување на институциите или доставување извештаи. Таа подразбира осигурување внатрешна усогласеност на реформите, нивна јасна комуникација со јавноста и отпорност на политички или административни промени. Потребно е јасно разбирање на редоследот на дејствување, силна поврзаност помеѓу реформските амбиции и институционалниот капацитет, како и постојана комуникација со јавноста и со нашите меѓународни партнери. Во тој поглед, координацијата е и техничка и политичка улога. Дозволете ми да нагласам дека динамиката на реформите не смее да се занемари. Таа мора да се обновува преку конкретни резултати, институционално учење и регионална солидарност. Алатките како што е Следењето реформи и раст можат да имаат значајна улога во овие напори, но само доколку не се користат исклучиво за известување, туку како дел од поширока реформска култура што ги вреднува доказите, транспарентноста и дијалогот. Остануваме целосно посветени на тоа нашата Реформска агенда да стане „жив“ документ кој постојано се дополнува. Не преку изјави, туку преку политики што се спроведуваат, се следат и континуирано се приспособуваат. За крај, сакам да истакнам дека реформите успеваат таму каде што има одговорност, координација и доверба. Платформите како денешниот настан се важни бидејќи нè потсетуваат дека реформата не е само национално прашање. Таа е регионално и европско прашање, со заеднички одговорности и заеднички очекувања. Ви благодарам за вашето внимание.

    

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....