30.8 C
Скопје
13/06/2025 14:56
МАКТЕЛ

   

Мерката за Мерко – шлаканица со повеќенаменско дејство

      

Името на Рамиз Мерко најчесто беше спомнувано во контекст на коруптивни активности, но до денес остана заштитен од каква било санкција. Кој го штитеше?
ДУИ, но и Владата, Обвинителството, судовите, финансиската полиција, се дел од институциите кои со години ги толерирале активностите на струшкиот бизнисмен, пратеник, министер без ресор задолжен за странски инвестиции во владата на Заев, и градоначалник во четврти мандат, Рамиз Мерко, кој од вчера е на црната листа на САД.
Како што објавија од Стејт департментот, САД го назначи градоначалникот на општина Струга како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, мешање во судските и во други јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија. На листата на САД се ставени и неговата сопруга и трите полнолетни деца.

„Денешната акција испраќа порака дека САД ја поддржуваат Северна Македонија со поттикнување стабилност преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото. Ова означување ја потврдува посветеноста на САД во борбата против корупција, која што му наштетува на јавниот интерес, го уназадува економскиот напредок на земјите и ги оневозможува владите да одговорат ефективно на потребите на граѓаните“, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

   

Луксузирање со пари на граѓаните
Иако името на Рамиз Мерко во изминатата деценија многу пати беше спомнувано во контекст на коруптивни активности, тој остана заштитен од каква било санкција од надлежните органи. Поради нетранспарентно трошење на општински пари, Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во ноември 2019 година покрена иницијатива за кривична постапка против струшкиот градоначалник, заради сознанија дека ја злоупотребил службената положба при набавка на четири автомобили во вредност од 114.000 евра. Освен набавката на „шкоди“ за потребите на општината, лично за градоначалникот беше набавено и ново „Ауди А6“ од 66.700 евра.

„Срамота е да се возам со ‘шкода’“, изјавуваше Мерко.
Но, не му беше срам што токму во тој период на бројни пожари Општината требало да има други приоритети за потребите на повеќе од 60.000 жители. Се покажа дека струшката противпожарна служба имала помалку возила од возниот парк на општината, и не нови, туку со просечна старост од 38 години. На Мерко оваа споредба не му беше непријатна. Вети дека за противпожарната служба ќе набави – половни возила!

Набавката на нови општински возила се случи во време кога општина Струга се гушеше во долгови, а Владата реши на општините да им подмири 51% од вкупниот пријавен износ на долгови заклучно со месец септември 2018 година. Во тој период Општина Струга имаше неподмирен долг од над 4 милиони евра. Иако општински, односно буџетските пари од владината помош отидоа за луксузирање со возила, овој случај остана без епилог.„Обвинителството тогаш ни ја отфрли пријавата“, потсетува денес претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
Му „светнало“ од бизнисот?

Политичките противници во 2021 година го обвинија Мерко дека уште во неговиот втор мандат со низа законски прекршувања дал концесија за јавно осветлување на приватна фирма на негов соработник А.К., и дека парите што Општината и ги исплаќала на таа фирма, си ги делеле двајцата. За овие трансакции со докази од банкарски трансакции биле известени Јавното обвинителство и Финансиската полиција. Но, епилог немаше, исто како што немаше за 14 кривични пријави што биле поднесени против Мерко заклучно со неговиот трет градоначалнички мандат. Во неговиот „учинок“ спаѓа и мижењето пред повеќе од 4.000 дивоградби чии барања за легализирање биле одбиени, а Мерко уверуваше дека дивоградби во Струга нема. Исто како и мижењето пред постојаното палење на трската во струшкото крајбрежје заради приватни интереси и градби. Неговиот несанкциониран волунтаризам отиде дотаму, што без одобрение од Управата за заштита на културното наследство си дозволи дури и интервенции во објект што е прогласен за значајно културно наследство. Општинските пари, пак, потрошени за репрезентација, подолго време беа сместени во рубриката „верувале иле не“.

Заштитен од партијата
ДУИ секогаш наоѓаше оправдувања за нивниот кадар. Иако во 2020 година партијата се пофали дека спровела процес на внатрешен партиски ветинг, низ тој филтер на проверка Рамиз Мерко повторно излезе како чист и неспорен кандидат за локалните избори и го доби четвртиот мандат. Врвот на ДУИ секогаш беше зад грбот на Мерко. Лани во октомври министерот за образование Јетон Шаќири и првиот вицепремиер Артан Груби заедно со Мерко свечено го одбележаа првиот академски час токму на Меѓународниот универзитет во Струга, каде струшкиот градоначалник се спомнува како еден од сопствениците. Овој Универзитет со години беше во центарот на внимание, најчесто поради укажувања од Државниот просветен инспекторат на голем број неправилности, или недозволување на инспекторите да извршат инспекциски надзор, како што се случи во 2018 година.

Еден од инспекторите го ослови овој Универзитет како „таканаречен“ и како „пералница за дипломи“, каде меѓу 800 и 900 студенти учат без нострифицирани документи, а истото се однесува и за дел од професорскиот кадар. Според инспекторите, меѓу професорите без валидна диплома бил и градоначалникот на Струга, кој наводно имал докторска диплома добиена на Државниот универзитет во Нови Пазар, но иако не била нострифицирана самиот си доделил научно звање доцент и вонреден професор. Откако еден тим инспектори утврди и алрмираше за незаконитости, беше испратен друг кој утврди дека сѐ е во ред. Еден од кадрите на овој Универзитет е и актуелниот министер за образование, Јетон Шаќири, кој во 2008 година се запишал на постдипломски студии на тамошниот Економски факултет и во 2010 година се стекнал со научен степен магистер по економски науки. Таму поминал и десет години (2008- 2018) од помлад асистент, асистент, докторант, доцент и раководител на додипломски и последипломски студии.

Извори од опозициски партии на Албанците сметаат дека црната листа е шлаканица за ДУИ и за голем број институции, но дека дел од последиците се непоправливи, со оглед колку кадри на ДУИ се „школувале“ на тој универзитет во изминатите години, а денес се распоредени на раководни и други позиции.
Рамиз Мерко Северна МакедонијаРамиз Мерко Северна Македонија
Рамиз Мерко се најде на црната листа на САДФотографија: Petr Stojanovski
Демаскирање и детронизирање

Санкционирањето на Мерко предизвика големо внимание во домашната јавност. Во политички кругови се толкува како шлаканица со повеќенаменско дејство – „почеток за демаскирање на криминалите на една партија кои досега биле вешто покривани токму од нејзини функционери“, но и како „почеток на „детронизација“ на партијата од нејзините дводецениски лостови во власта.
Од САД пораките се децидни.

„Се надевам дека ова ѝ помага на владата во Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата“, изјави за Гласот на Америка заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.Координаторот за антикорупција на Стејт департментот, Ричард Нефју, оцени дека означувањата имаат цел да ја покажат поддршката на САД за владеењето на правото и напорите за борба против корупцијата.„Дел од причината зошто ги правиме овие работи е да ги поддржиме актерите од граѓанското општество, да ги поддржиме оние кои се обидуваат да бараат одговорност од корумпираните актери“, изјави Нефју.

Американската амбасадорка во РСМ, Анџела Агелер, потенцира дека САД ќе продолжат да се борат против секој што го поткопува владеењето на правото во Северна Македонија,
„Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од нивните јавни службеници и систем кој ќе бара одговорност. Соединетите држави ќе продолжат да повикуваат секого – без разлика на позицијата или политичката партија – кој го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилност на Северна Македонија“,напиша Агелер на Фејсбук.

Oд ВМРО-ДПМНЕ оценија дека „тоа е шамар за владата на СДСМ и ДУИ од САД“.
„Ова е само една од причината зошто ДУИ мора да оди во опозиција. Институциите да не молчат туку веднаш да реагираат. Потребна е одговорност“, повика опозициската партија.
Мерко молчи, исто и ДУИ, а една од пораките стигна од владајачката Алијанса за Албанците.„Да бев на местото на Рамиз Мерко, вечерва веднаш би дал оставка и ќе оставам друго лице да раководи со општината“, рече партискиот претседател Арбен Таравари.„Мора да се расчисти со ова. Од друга страна правосудните органи не реагираат и причина за тоа е што власта има инсталирано свои луѓе во правосудните органи. ДУИ 20 години владее со тие институции со свои луѓе. Ние како политичка партија секогаш сме гласни кога станува збор за корупцијата“, рече тој на ТВ 21.

   

Најново

Муцунски: Нашиот пат кон ЕУ треба да стане предвидлив, не смееме да дозволиме да бидеме понижени

Sase Ivanovski

Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Sase Ivanovski

Муцунски и Сијатро потпишаа Договор за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија

Sase Ivanovski

Меџити: Блокирани вкупно 226 страници за онлајн коцкање

Sase Ivanovski

Ќе се обновуваат дел од сервисните улици на булевар Јане Сандански

Sase Ivanovski

УЈП: Угостители, трговци и вршители на дејност да го регистрираат готовинскиот промет и да издаваат фискални сметки

Sase Ivanovski

Две трансплатации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Sase Ivanovski

Пијан радовишанец со мопед удрил во деветгодишно девојче

Sase Ivanovski

Ваучерите за образование на возрасни се успешна алатка за зголемување на конкурентноста

Sase Ivanovski

Почнува уписот во средните училишта – од утре прво електронско пријавување во јуни

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки и кривична одговорност од Јанев и Тошковски за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Исчезнат е штипјанецот Владимир, семејството со апел до граѓаните за каква било информација

Sase Ivanovski

Пазарџиите немаат дерман од „лепливите прсти“ на муштериите, бадем и маслинка за проба, овошка в џеб и отиде дневниот пазар

Sase Ivanovski

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Македонија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, обновени 24,4 километри Законот за Судски совет во собраниска процедура до крајот на овој месец Ќе застане на сцената во Грузија: Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на детската Евровизија Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена. Во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу двете влади, Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за соработка во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028. Меморандумот, како што соопштија од МНР, ќе биде потпишан од министерот Петер Сијарто и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Sase Ivanovski

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Британскиот кредит и инфлацијата: Владата ветила 139 мерки за подобар живот – реализирала 18

Sase Ivanovski

СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

Sase Ivanovski

Пентагон подготвен за евентуална инвазија на Гренланд, потврди Хегсет во Конгресот

Sase Ivanovski

Автократскиот популизам

Sase Ivanovski

Грузиски активист осуден на четири и пол години затвор по учество во проевропски протест

Sase Ivanovski

Мицковски – На Сиљановска и е редот да оди во Хаг,јас бев во Вашингтон. Бугарија прави егзибиции наместо Радев го праќа Жељазков и средбата „виси“

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава која ја поднесовме против Мицкоски

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во Хаг би се сретнала и со Желјазков ако има таква подготвеност од негова страна, велат од нејзиниот кабинет

Sase Ivanovski

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Sase Ivanovski

Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови

Sase Ivanovski

Рубио: Немаме никаква врска со нападот, Израел презеде еднострани дејствија

Sase Ivanovski

Еве кои се досега осомничени за трагедијата во Кочани – Што ќе соопшти денес Коцевски?!

Sase Ivanovski

„Не знам како сум жив“ – шокантна исповед на единствениот патник кој ја преживеа несреќата на Боингот 787 во Индија

Sase Ivanovski

Осудениот Љупчо Ѓоргиевски: Со гордост ја носиме „дипломата“ дека сме ванчомихајловисти

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност

Sase Ivanovski

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од било какви патувања кон Израел и Иран

Sase Ivanovski

Израел изврши напади врз Иран – хронологија на војната

Sase Ivanovski

Полицаец возел пијан, пресекол полна линија и се заканувал на возач, заработи кривична пријава

Sase Ivanovski

МВР: Бројот 192 не е во функција поради технички причини

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Sase Ivanovski

Писториус: Германија нема да и испорача на Украина ракети Таурус

Sase Ivanovski

Вучиќ им рече на блокадерите: Побрзајте со радикализацијата, па да видиме до каде ќе стигнете

Sase Ivanovski

Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид – Св. Наум, најави Владата

Sase Ivanovski

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Sase Ivanovski

Израел го нападна Иран – цел на нападот се нуклеарни постојки, погодени се и цивилни објекти

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полициски службеник за безобѕирно управување со моторно возило

Sase Ivanovski

Автократскиот популизам

Sase Ivanovski

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Sase Ivanovski

СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

Sase Ivanovski

Акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, во Кочани уапсени 13 лица

Sase Ivanovski

„Рајанер“ воведува строги казни за нељубезните патници

Sase Ivanovski

Некој фрлил камен од надвозникот на скопската обиколница кај Стајковци, возач од Косово е повреден

Sase Ivanovski

Огромно мнозинство држави во ООН со громогласен аплауз усвоија повик за итен прекин на огнот во Газа, Македонија воздржана

Sase Ivanovski

Инцидент меѓу цимери од Турција во Скопје – се степале, едниот извадил нож и го ограбил другиот

Sase Ivanovski

Уште летово сите службени автомобили ќе бидат обележани, вели Томовски

Sase Ivanovski

Тинејџер излетал од пат со мопед во Гостиварско, повреден е и сопатникот

Sase Ivanovski

Ангел Димитров по седницата на Историската комисија: Атмосферата беше најдобра на ручекот

Sase Ivanovski

ГРОМ БАРА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ И ОСТАВКА ОД ВЛАДАТА НА ЧЕЛО СО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Sase Ivanovski

„Д-р Пановски“ досега не примил пресуда од Управниот суд, ниту од други надлежни институции

Sase Ivanovski

ФАРМА ТРЕЈД: Цените што се понудуваат во рамки на јавните набавки не се слободна комерцијална одлука, туку се строго регулирани

Sase Ivanovski

Напаѓачот во Грац го испланирал масакрот „до најмал детал“

Sase Ivanovski

Ќе се реконструира кочанската физикална, пациентите од „Пулс“ ќе се лекуваат во координација со штипската болница

Sase Ivanovski

Не помина предлогот на ЛДП за една изборна единица – ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓа во регионот

Sase Ivanovski

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Мега проектот за Стаклара – Каменик конечно станува реалност – после половина век мојот народ добива чиста вода за пиење!

Sase Ivanovski

Насилник од Тетово му се заканувал на наставник и кршел во училиште

Sase Ivanovski

Македонија ja доби Молдавија и дојде на чекор од Втората дивизија во Дејвис купот

Sase Ivanovski

Полицијата е недостапна на 192

Sase Ivanovski

Полицаец од Зелениково ќе одговара, пијан дивеел низ Кисела Вода

Sase Ivanovski

Епископот Партениј му честиташе на Георгиј на изборот за митрополит

Sase Ivanovski

Ако има каква било иницијатива за средба Давкова-Жељазков во Хаг, таа треба да се прифати, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Над 20 пожарникари со седум возила го гаснат пожарот во Вардариште

Sase Ivanovski

Маж од Кумановско ја силувал малолетната ќерка

Sase Ivanovski

Американец пронајден мртов во Претор

Sase Ivanovski

Зголемен бројот на странски туристи, најбројни се од Турција и Германија

Sase Ivanovski

Комплексот „Македонско село“ од 23 јуни ќе биде отворен за посетители

Sase Ivanovski

Политичката блокада во Косово продолжува – решение се избори?

Sase Ivanovski

Со новиот закон ќе се намали бројот на казина, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Македонија од САД ќе прифаќа само депортирани македонски државјани

Sase Ivanovski

МВР ѝ ја одзеде лиценцата на „Рубикон“, агенцијата за обезбедување на Нацев од ВМРО-ДПМНЕ што го чуваше „Пулс“

Sase Ivanovski
Вчитувам....