2.8 C
Скопје
16/02/2025 21:06
МАКТЕЛ

   

Мерсел Биљали: НОВА ЈАЛТА?!

     

Минхенската конференција помина како онаа поучна арапска приказна кога двајца уморни и жедни луѓе се среќаваат во пустината и почнуваат да се тепаат меѓу себе за тоа како тоа на другиот да му снема вода! Во шокантниот говор на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет дека „нема враќање на границите од 2014 година“ и дека „членството на Украина во НАТО е нереално“ – цел свет се потресе. Нечесноста повторно почна да се продава како нешто ептен нормално. Уште еден доказ дека правдата излегува на површина откако ќе се удави! Дополнително зло што „решението ќе биде поддржано од меѓународни трупи, ама не од НАТО!“ Сега веќе никој во Европа не е сигурен дека Путин ќе застане на границите на Украина. Тоа е многу опасен преседан во меѓународните односи, оти ќе дополнително го зацврсти законот на најсилниот. Впрочем, тоа би било покана до сите светски диктатори да ги нападнат своите соседи, и тоа ќе биде сосема неказнето. „Нема членство во НАТО, нема војници на теренот? Звучи како напуштање на Украина“, објави поранешниот литвански министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис на „X“, реагирајќи на коментарите на новиот американски министер за одбрана Пит Хегсет пред почетокот на Минхенската конференција. Членките на НАТО постојано тврдеа дека Украина треба да стане членка на Алијансата во иднина. Дури пред некое време премиерот на Велика Британија Кир Стармер му рече на Зеленски дека земјата е на „неповратен пат“ кон членство. Но, најголемите тешкотии ги наоѓаме таму каде што не ги бараме. Конечно, Трамп не само што е решен да ја натера Европа да преземе најголем дел од финансиските и воените одговорности за одбраната на Украина, вклучително и можните мировни сили во кои нема да бидат вклучени американски војници, туку тој е спремен да го поткопа и членот 5 од НАТО договорот за „заеднички одговор против агресорот“. Така што членките на Алијансата ако бидат нападнати, наместо колективна одбрана, ќе можат да добијат само „помош“ од другите членки. Британскиот министер за одбрана Џон Хили, очигледно депримиран од американците изјави – „Го слушнавме неговиот повик до европските нации самите да се засилат. Ние сме и ќе бидеме“!

Шокирана од ставовите на САД, поренашната министерка за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ, изјави дека – „Путин со дипломатија освои се што не можеше да освои на бојното поле!“ Канада која важи за релевантна членка на НАТО изнесе став дека без согласност на Украина не може да има договор со Русија. Тоа во Минхенската конференција посветено на безбедноста го потврдија бројни европски и светски лидери. Но, познато е дека во политиката, силата секогаш ја погребува правдата. Главниот адут на Трамп е „логиката“ да се смириме со Русија за да се посветиме со сите сили на „битката“ против Кина, која на САД и е најголем противник (ако не и непријател). Сегашната политика на Трамп само во нијанси се разликува од претседателите на САД од почетоците на 19 век, Томас Џеферсон и Џејмс Монро, кои поаѓале од тоа дека САД треба да ги гледа само своите интереси, а за другите ич не треба да им е гајле. Тогаш тие дури не се грижеле ниту за нивниот природен сојузник Велика Британија! Оттука, вопшто не треба да се чудиме ако Американците ги повлекуваат нивните војници од Европа. Некои тоа го нарекуваат крај на НАТО! Но тоа е тоа. Европа веќе се чувствувата напуштено, а тоа е ужасно чувство. Трамп, после два века светот го враќа на тие состојби, кога тогашните европски сили цртале карти за помалите, кои потоа насилно ги спроведувале. Сега за да го правите тоа треба да го прегазите сопствениот правен поредок оти како држава сте потписникна Повелбата на ОН и на илјадници други меѓународни договори (кои се дел о внатрешниот правен поредок). За да го правите тоа што сакате, треба да се повлечете од членство на ОН. Треба институционално да се повлечете од Повелбата на ОН и од стотина други акти, што ниту во сон не е можно. Но, практиката на теренот се движи во спротивна насока од таквиот императивен правен поредок.

   

Меѓународната политика на хаосот ни тропа на врата. Сега никој не ќе може да го спречи Израел за околните територии. Никој не и може ништо на Турција за севрна Сирија, на Кина за Тајван, на Индија за дел од Тибет и Кашмир, на Пакистан за дел од Кашмир, за проблемите околу Судан, Нигерија, Конго итн. Која ќе ја спречи Русија за Приднестовие?! Така е кога среќата се бара таму каде што други ја изгубиле. Хрватскиот премиер Пљенковиќ со право вели „Ова е опасен преседан, во уништување на темелите на меѓународното право за заштита на територијалниот интегритет“. Во меѓувреме се дозна дека официјални лица на САД и на Русија ќе се сретнат во Саудиска Арабија во наредните денови за да започнат разговори со цел „да се стави крај на речиси тригодишната војна во Украина“. Украинскиот претседател Зеленски воопшто не е запознаен за средбата, а нема добиено ниту покана за Саудиска Арабија! Од американска страна таму ќе бидат државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и пратеникот на Белата куќа за Блискиот Исток Стив Виткоф. Не е познато кој ќе биде од руска страна. Украина е оставена во кал! Конечно, ЕУ треба да се соочи со својата грешка. Воопшто не е добро за важни работи да се одлучува со помош на некаква неформална „европска локомотива“, каква што долги години била Ангела Меркел, туку потребно е да се градат заеднички функционални институции за тој домен. Познато е дека Меркел поради рускиот гас и нафта ѝ прогледуваше низ прсти на Русија, првин за Јужна Осетија, потоа за Абхазија и на крајот за Крим. Кога мечката заигра пред самиот комшиски двор, веќа стана доцна. Такво молчење доведе до војна во срцето на Европа, која ЕУ може да го доведе до целосен колапс.

Оттука, делумно е во право потпретседателот на САД Џејмс Венс кога вели дека ЕУ културолошки е променета. Замислете, токму едни држави што најмногу страдале од некогашниот Советски сојуз, сега станале поддржувачи на Путин, од потреба за што подолго недемократско владеење. Тоа го праваат на штета на важни интереси на ЕУ кај што и самите членуваат. Најнов од нив е премиерот на Чешка република Роберт Фицо, а унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе 15 години бескрупулозно го прави тоа, а ЕУ нема механизми тоа да го спречи. Интересно што и бројни радикални десничарски партии од западна Европа сега се големи обожаватели на начинот како владее Путин. И тука Џејмс Ванс е во право, ама заборава дека и Америка културолошки е многу сменета со самиот факт што станува природен сојузник на Путин. A познато е дека пеколот е најголема награда за оние кои го поддржуваат ѓаволот. Некои луѓе ова го гледаат како еден вид „нова Јалта“ што била одржана во 1945 година во палатата „Ливадија“ на Крим, кога се сретнаа „тројцата великани“ (Рузвелт, Черчил и Сталин). Таму се расправаа за границите, за зоните на влијание, за казнувањето, но без присуство на други државници! Францускиот лидер Шарл де Гол бил најмногу огорчен бидејќи не бил поканет ниту во Потсдам! Тоа остави длабоки последици во односите меѓу САД и Франција (која потоа долго време не сакаше да биде во НАТО). Познато е дека капка отров може да отруе цело море. И сега францускиот претседател Емануел Макрон пак предупреди дека секој мировен договор што вклучува капитулација пред Русија ќе заврши „лошо за сите“. Новиот Трамп можеби посакува „нова Јалта“, ама и тоа е сега многу покомплицирано. Вистинската Јалта е оддржана после педесетина милиони жртви и големи рзорања по светот, и под таа импресија тие успееја да воспоставуваат силен и функционален светски поредок. Сега тоа веќе е минато. ООН со сите нејзини специјализирани меѓународни организации веќе е нефункционална. Тоа наликува на голем шлепер без волан, без сопирачки и без шофер. И покрај идеолошките поделби, големата тројка – Сталин, Рузвелт и Черчил – успеаја да постигнат клучни договори кои, барем за одредено време, ја одредија судбината на повоениот свет. Сега тоа не е можно без една поширока војна, која лесно може да прерасне во глобална и нуклеарна војна. Изгледа е дојдено времето кога не мораме да го посетиме пеколот за да најдеме страшни луѓе! Мерсел Биљали

 

Најново

Јанис Варуфакис-поранешен минисер за финансии на грција: Зошто сите би требало да сме загрижени за Илон Маск и „бролијархијата

Sase Ivanovski

Таравари: Мора да се променат цените на услугите на болниците

Sase Ivanovski

Струмичанец загина во сообраќајка со камион од Украина

Sase Ivanovski

Таравари најави можно спојување на четирите партии од „Вреди“ во една после локалните избори

Sase Ivanovski

Нападнат полициски началник во Кавадарци, предложен притвор за две лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Етна повторно еруптираше

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Оџа од Чаир: „Како Тексас станавме, срамота сме на светов! Парампанче се правите меѓу себе“

Sase Ivanovski

Рама во Минхен: Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ, тоа е шанса Европа да се разбуди

Sase Ivanovski

ДУИ Чаир: Стоп на урбанистичкиот хаос

Sase Ivanovski

Муцунски: Нема да прифатиме под уцена било какво решение или компромис

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Бојковска: Корупцијата е проблем број 1 кај младите, заеднички да работиме на искоренување на истата

Sase Ivanovski

СДСМ: Концепцијата за гимназиско образование укинува предмети за претприемништво-важни за младите

Sase Ivanovski

СДСМ: Владата не ја донесе одлуката за маржите, профитот на неколкумина им е поважен од животот на граѓаните

Sase Ivanovski

Mинистерот Дурмиши oствари средба со министерот за труд на Катар,Али бин Саид бин Сумаик Ал-Мари: Продлабочување на соработката на пазарот на труд помеѓу двете земји

Sase Ivanovski

Пронајдена дрога во Скопје, приведен дилер 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитријевиќ од Подгорица: Социјалдемократијата е силна кога делуваме заеднички

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Митева: Потребен е општествен систем кој ќе се спротивстави на незаконски дејанија од страна на судиите и конечно владеење на правото

Sase Ivanovski

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Градежен бум во Златибор

Sase Ivanovski

Владимир Стајиќ: Србија и Северна Македонија имаат долга историја на братски односи, а овој медал е доказ за нашата цврста поврзаност во сите важни области на животот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста досега не слушна ниту една конструктивна сугестија од СДС за Концепцијата за гимназиско образование

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Лефков: Со имплементирање на меѓународните препораки ќе дојдеме до функционален систем на владеење на правото, граѓаните ќе имаат доверба во судството и пристап до фер и независно судство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Градоначалник на Крива Паланка-Сашко Митовски: Трендот на иселување се должи на целокупниот и политичкиот амбиент во државава

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Лефков: Штаб на СДС во куќа на судија, ете толку беше независно судството со минатата власт

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Економијата е во слободен пад, СДСМ нуди излез со 7 економски мерки

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Со механизација измиени улиците во населбите Пролет и Маџир Маало, хигиената на прво место

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Митева: Државниот јавен обвинител работел нетранспарентно, штител определени лични интереси и работел надвор од закон, затоа Владата бара негово разрешување

Sase Ivanovski

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Добредојдовте во Софија – живиот главен град на Бугарија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Оџа од Чаир: „Како Тексас станавме, срамота сме на светов! Парампанче се правите меѓу себе“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Турската влада донесе одлука сите кучиња скитници да се отстранат од улиците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Семеен бизнис кој трае 70 години – Александар Стамевски, Деловни приказни 166

Sase Ivanovski

ЕУ: Ќе се одложи исплатата за Планот за раст за земјите од Западен Балкан

Sase Ivanovski

Возот кон Куманово вчера имал само еден патник

Sase Ivanovski

Најмалку 15 загинати во стампедо на железничката станица во Њу Делхи

Sase Ivanovski

Австралија им забрани на странците да купуваат куќи и станови

Sase Ivanovski

Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, еден пожарникар е повреден

Sase Ivanovski

Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата Сењак се обидел да силува свештено лице

Sase Ivanovski

Испораката на 1.800 тешки бомби од САД пристигнува во Израел, пратката беше запрена за време на администрацијата на Бајден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Како ќе изгледа состанокот во Саудиска Арабија кој го организира Трамп за мир во Украина?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НБА Ол-стар: Хиро победи во шутирање тројки, Мекланг најдобар во забивања

Sase Ivanovski

Бензема и Кристијано Роналдо во трката за најдобар стрелец во Саудиска Арабија

Sase Ivanovski

Медведев со интересен коментар за суспензијата на Јаник Синер

Sase Ivanovski

Таравари најави жалба до Апелација по одлуката на судот во Тетово за печатите на АА

Sase Ivanovski

САД и претставија на Украина детален документ за пристап до нејзините минерали, но не понудија речиси ништо за возврат

Sase Ivanovski

Се одложува исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЦУК: Локализиран пожарот на запалениот магацин во тетовско- еден пожарникар повреден

Sase Ivanovski

Израел најавува дека иселувањето на Палестинците од Газа ќе започне за неколку недели

Sase Ivanovski

Самитот на БРИКС ќе се одржи во Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули

Sase Ivanovski

Најстудено утро на Попова Шапка и во Маврови Анови, во Гевгелија најтопло

Sase Ivanovski

Контраудар за Трамп: ЕУ воведува забрана за увоз на одредени прехранбени производи од САД!

Sase Ivanovski

Прва посета на регионот, Рубио ќе разговара за примирјето во Газа

Sase Ivanovski

Разговорите Трамп-Путин за мирот во Украина, реконструкција на светскиот поредок?

Sase Ivanovski

Европа мора да преземе поголема улога во НАТО

Sase Ivanovski

Последен ден од Минхенската безбедносна конференција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во стампедо на железничка станица во Њу Делхи загинаа18 лица

Sase Ivanovski

Украински напад со беспилотно летало на рускиот град Грејворон – прекинато снабдувањето со гас

Sase Ivanovski

Двегодишна забрана за купување недвижен имот на странски државјани во Австралија

Sase Ivanovski

Протестен марш „Кој е следен“

Sase Ivanovski

Променливо облачно време со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Д-р Катерина Василева Димовска Специјалист по педијатрија од Клиника Жан Митрев: Грип=Инфлуенца

Sase Ivanovski

Психолог, психијатар или психотерапевт…? Каде треба да се обратам?..Клиника Жан Митрев го има одговорот…

Sase Ivanovski

Полна куќа радости во Клиника Жан Митрев

Sase Ivanovski

Мајка и двегодишна ќерка починаа од повреди откако Авганистанец пред три дена со автомобил удри во нив

Sase Ivanovski

Пратеникот на Трамп: Нема место за Европа на преговарачка маса за војната во Украина

Sase Ivanovski

Трамп го вклучи алармот во Европа: Макрон свика итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Sase Ivanovski

Хаос во Минхен: нов шериф во градот

Sase Ivanovski

Политико: Дали е ова крај за НАТО?

Sase Ivanovski

Европа тивко планира да испрати војници во Украина за безбедност после војната

Sase Ivanovski

Кога Џеј Ди Ванс „распали“ против Европа – тоа ги засени дискусиите за Украина во Минхен

Sase Ivanovski

ФОТО: Алкалоид со голема поддршка од Македонците во Италија го прегази Бриксен

Sase Ivanovski

Тимот на Трамп ги почнува мировните преговори за Украина во Саудиска Арабија

Sase Ivanovski

Земјотрес од 4,8 степени на Атос

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници луѓе протестираат во Србија, додека расте гневот поради корупција

Sase Ivanovski

Хорор во Австрија: 14-годишно момче избодено до смрт, осомничениот се смеел додека го апселе

Sase Ivanovski

Лавров телефонски разговарал со Рубио за Украина, Палестина и Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Ен-Би-Си: САД му предложиле на Киев да добијат 50 отсто ретки украински минерали за оружјето донирано по руската инвазија

Sase Ivanovski

Мицкоски во Минхен: Со многу страдање и понижување станавме членка на НАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нов успех на Андреас Трајковски: Освои бронза на Балканското првенство во Србија

Sase Ivanovski
Вчитувам....