Сакаме да ве информираме дека движењето низ Галичник се уште е во прекин од 27.04 кога се сруши потпорен зид на единствената пат-улица во Галичник со што целосно е прекинато движењето во Галичник. Укажуваме дека немаат пристап до домовите жители кои се со трајно живеалиште во Галичник како и Хотел „Неда“ кој е оперативен економски субјект во Галичник. Месната заедница Галичник во рамките на своите капацитети оддржа повеќе состаноци со надлежни институции за брза санација и очекуваме наскоро соодветна реакција.
Во овој момент подготвките за манифестацијата Галичка свадба 2025 на која покровител е Претседателот на Република Македонија се одвиваат во најдобар ред, но евентуалното одоговлекување на санацијата на патот е потенцијален ризик за безбедноста на учесници и на посетители на манифестацијата. Очекуваме дека надлежните инстутуции на државата кои веќе покажаа разбирање дека е потребна брза интервенција ќе отпочнат навремено со активности со цел санација и враќање во употреба на патот.