МАКТЕЛ

    

Методија Анѓелкоски: Добри соседи, намќор комшии

      

Македонците и Бугарите се два соседни народа – блиски по географија, поврзани со доза на историска испреплетеност, но секој со своја јасна патека. Блискоста е природна, но посебноста е непобитна. И токму во почитувањето на таа посебност лежи можноста за вистинско соседство – без претензии, без наметнување, само со разбирање. Нели идејата на ЕУ беше „обединети во различностите“? „Некои луѓе не ги паметиш по имиња, туку по дела. По тоа што некогаш стоеле со тебе на прагот на некое искушение, и ти прозбореле, те поздравиле, ти помогнале. Си видел дека се луѓе, а денес човек е титула, не само збор“ – парафразирано, од автор на кој не можам да се сетам. Но, некако ме потсети на актуелните односи меѓу Македонците и Бугарите.

Народи и нации Што е народ, а што е нација? Ако се држиме до строгите дефиниции, тогаш, „народ“ е заедница на луѓе поврзани според култура, традиции, јазик и историско искуство – нешто што се гради низ векови, често надвор од политичките рамки. Нацијата, пак, е политички концепт: група луѓе организирани во држава, со свои граници, институции и чувство на припадност кон тој државен идентитет. За Македонците како народ, разликата е јасна – еден народ може да живее во повеќе држави, додека една нација може да опфати повеќе народи под еден државен покрив. За нашите соседи Бугарите, се чини дека не постои јасно разграничување меѓу зборовите „народ“ и „нација“, т.е. во бугарското секојдневие, тие се синоними, или ако не се комплетно исти, барем се екстремно слични. Сметам, и можеби сум пристрасен, дека македонската дефиниција е далеку по прецизна. Во светот постојат народи без држави (на пример Курдите) и држави на мноштво народи (на пример Белгија или Швајцарија). Постојат и тенденции на создавање на народ од нација, на пример, Американски народ. Што е детето родено во Америка од татко Норвежанец, а мајка Индијка? Ќе биде Американец, а неговиот историски тотем од Викинзите кои се поклонувале на Тор, и филозофите на Кришна, ќе се измести во лицата на планината Рашмор, Вашингтон, Џеферсон, Линколн…

   

Кога еден ентитет, се издвојува според својот историски тотем, има свои традиции, јазик, морални и обичајни норми и правила и конечно поинаква култура, тој ентитет јасно може да се нарече народ. Ние Македонците, како народ, својот идентитет го темелиме на античките херои Филип и Александар Македонски, на Царот Самоил и Кралот Марко, на Карпош, и револуционерите од османлискиот период и секако на партизанските херои – историски тотеми што зборуваат за моќ, единство и длабока посебност. Имаме специфично граден јазик со уникатни зборови, фрази и акцент. Имаме морални и обичајни норми различни од сите. Посебноста на Македонците се забележува јасно и во културата. На пример, карактеристичниот 7/8 такт во музиката, длабоко врежан во македонските народни песни и ора, е чист белег на македонскиот народ. Од другата страна на источната граница на Македонија, нашите соседи, Бугарите, се темелат на фигури како Кан Аспарух, Тервел или Омуртаг, на Левски, Ботев или Раковски, и веројатно на други кои не можам да ги набројам, како што и тие не можат да ги набројат нашите. Имаат свои уникатни правила на однесување и општествени норми, убав мелодичен јазик и акцент различен од сите соседи. Имаат навистина уникатна култура на однесување, која понекогаш се чини несфатлива за другите, макар и соседни народи.

Нерешлива загатка Ако прашате Бугарин чиј е овој карактеристичен 7/8 музички ритам, очекувајте да каже дека е „традиционален бугарски“, додавајќи дека припаѓа на „Бугарите во Македонија“. Ако го прашате, во кој дел од Бугарскиот јазик можат да се чујат секојдневни зборови како што се: врне, ќерка, татко, облека, тетка, стрина, соба, ѕид… и илјадници други – такви што се уникатни за македонскиот јазик, ќе добиете одговор дека „тоа се бугарски зборови на Бугарите од Македонија, односно јазична норма“. Оваа реторика често го замаглува фактот: дека станува збор за јасни карактеристики на еден посебен народ, а не за регионална варијација на друг. Истовремено, создава преседан. Секој Хрват може да рече дека „словенечките зборови се јазична норма на Хрвати од Словенија“. Секој Русин, а тоа јасно го демонстрираше Путин, може да рече „тоа се руски зборови на Рускиот народ во Украина“. Всушност, секој поголем сосед, секаде во светот, доколку припаѓаат на иста јазична група, може да го тврди истото. Зошто нашите комшии не можат да бидат „добри комшии“ наместо „заядливи съседи“? Несреќи кои обединуваат. Кога несреќите ќе нè погодат, таа посебност не нè спречува да бидеме луѓе. Ако сакате, тогаш можеме да покажеме дека сме братски блиски.

На 10 септември 2008 година, кога бродот „Илинден“ потона во Охридското Езеро, загинаа 15 туристи, мислам сите беа Бугари. Македонците, без двоумење, скокаа во водата за да ги спасат давениците – гест на чиста човечност, каде народната посебност беше без значење. Слично, по трагедијата во Кочани на 16 март 2025 година, кога пожар во дискотека однесе десетици животи, Бугарите покажаа огромна солидарност. Граѓаните се собраа пред македонската амбасада во Софија со свеќи и цвеќе, болниците примија повредени, луѓето се организираа за дарување крв и средства за настраданите. Во моменти на болка до коска, почувствувавме толку посакувана поддршка. За жал, само во несреќите гледаме моменти кои докажуваат дека од соседството може да се роди братство, но, дали тоа мора да биде проследено со бришење на посебноста. Политиката и решението Дали знаете кој Бугарски политичар го рекол следново: „Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци, и одамна чекаме да чуеме докази за тоа, а никако да ги дочекаме. Македонистите никогаш не ни покажале на што го засноваат тоа нивно мислење. Тие инсистираат на нивното македонско потекло, а тоа не можат да го докажат на никаков задоволителен начин“?

Рековте Каракачанов, Џамбаски или Борисов можеби? Божо Димитров? Ќе се изненадите, но ова го рекол пред век и половина, Петко Рачов Славејков, на 17 јануари 1871 година, тврдејќи дека Македонците се дел од бугарскиот народ, и поставувајќи ги темелите на идејата за „единство“. Нешто е различно од погоре споменатите? 150 години Бугарските политичари ја пеат истата песна. Бојко Борисов: „Македонија е дел од нашата историја“, Красимир Каракачанов: „Македонците се Бугари со изменета свест“. Џамбаски не го коментирам, не е достоинствено. Од Славејков до денес, реториката е иста. Како овие луѓе не сфаќаат дека не се брише она што самото време го потврдило: македонскиот народ стои цврсто со свои чисти карактеристики, од јазикот, културата и музиката до историјата и современото однесување, додека нивното однесување само прави поголем раздор! Во сегашниот политички контекст, не постои решение кое би го отстранило бугарското вето за македонскиот пат кон Европската Унија, освен едно: Бугарија да покаже добра волја. Да избере да биде добар сосед – а не намќорест комшија. Европската иднина не се гради со негирање, туку со признавање. Со почитување, не со условување. Само така, двете држави можат да го надминат минатото и да го изградат идното – како соседи, но и како луѓе. Македонците и Бугарите се два соседни народа – блиски по географија, поврзани со доза на историска испреплетеност, но секој со своја јасна патека. Блискоста е природна, но посебноста е непобитна. И токму во почитувањето на таа посебност лежи можноста за вистинско соседство – без претензии, без наметнување, само со разбирање. Нели идејата на ЕУ беше „обединети во различностите“?

  

Најново

ЈА ГРАБНАЛЕ СО СИЛА ОД ДОМОТ И ЈА ОДНЕЛЕ СО АУДИ Притворени тројца струмичани по драматичен инцидент во Берово

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ ГО ПОВИКА ТАРАВАРИ ДА СЕ ИЗЈАСНИ Вреди е антипод на ДУИ, не може и со едните и со другите

Sase Ivanovski

Тораница, „лажњак екологисти“ и државата

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) СНЕЖНА БУРА ГО ИЗНЕНАДИ ЈУЖНИОТ СОСЕД Снегот ги покри Солун и Халкидики

Sase Ivanovski

15 ГОДИНИ „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Постојано унапредување на стандардите за медицинска грижа

Sase Ivanovski

Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка

Sase Ivanovski

Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

Sase Ivanovski

Приведени крадци од Битола и Прилеп, украденото вратено на сопствениците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ СЕ ПРОШИРИ МНОГУ БРЗО Еден од повредените раскажа за кобната ноќ во Кочани

Sase Ivanovski

КАШЕСТ СНЕГ ИМА НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА ЗЕМЈАТА Укината е забраната за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Sase Ivanovski

МАКСО ТВРДИ ДЕКА НЕ ПРЕГОВАРА ЗА МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Движењето ЗНАМ најави свој кандидат за градоначалник во Куманово

Sase Ivanovski

Пад на азиските и европските берзи – царините на Трамп ја продлабочуваат глобалната криза

Sase Ivanovski

Денеска во Кривичен ќе сведочи таткото на Вања

Sase Ivanovski

Крушево се разбуди под 24 сантиметри снег

Sase Ivanovski

ДУИ имплементира стандард чија цел е „систем за борба против корупцијата“

Sase Ivanovski

Партнерите во ВЛЕН му понудиле на Таравари 35 отсто од општините, тој најавува две можни опции

Sase Ivanovski

Трамп: Царините се прекрасна работа

Sase Ivanovski

СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Тетовец загина во сообраќајка кај село Скудриње, сопатничката е тешко повредена

Sase Ivanovski

Левица: На локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Sase Ivanovski

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Лишен од слобода кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкхол

Sase Ivanovski

2.553 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, 543 за брзо возење

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Sase Ivanovski

„Светски ден на здравјето: Државата да ги зголеми инвестициите во здравствена превенција и квалитетна здравствена заштита на жените, децата и ранливите групи“

Sase Ivanovski

Честитка по повод 7 Април – Светски ден на здравјето

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дволичниот Апасиев беше против извршителите, но кога станува збор за негова корист, не му пречат

Sase Ivanovski

Влада: Значително се зголемија платите на вработените во здравството, 4.815 денари за сите здравствени работници, за медицинските сестри 6.200 денари

Sase Ivanovski

И полицаецот што го лажеа дека возилото управувано од Срѓан Керим е службено – заработи дисциплинска

Sase Ivanovski

Одземени се 10 возила поради учество во диви трки

Sase Ivanovski

Како се сервисираат ПП апарати во јавни објекти за нецел денар, кога услугата реално чини 600 денари?!

Sase Ivanovski

Облачно и студено, претпладне услови за слаб снег

Sase Ivanovski

Торнада погодија неколку американски држави, загинаа најмалку 16 луѓе

Sase Ivanovski

Меџик Џонсон го споредува Никола Јокиќ со Крис Мулен…

Sase Ivanovski

Пет работи кои ги прават паметните, но мрзливи луѓе: Еве што можете да научите од нив

Sase Ivanovski

Најголем извор на инфекции: Предметите кои често ги користите имаат 400 пати повеќе бактерии од тоалетната школка

Sase Ivanovski

Што најмногу ги возбудува жените? Романтика е на 3-то место, а првото ќе ве изненади

Sase Ivanovski

Неколку едноставни чекори со кои ќе можете полесно да го преболите поранешниот партнер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТОП 5 Најгледани голови во историјата на фудбалот

Sase Ivanovski

ТРАМП ПАРОДИЈА: НА КРАЈ НИЕ ЌЕ ГИ ЈАДЕМЕ КУЧИЊАТА И МАЧКИТЕ

Sase Ivanovski

ТРАМП ИМА НОВ СЛОГАН: MAKE MAGDA AGAIN

Sase Ivanovski

Станари се жалат на низа неисполнети законски обврски на инвеститор на зграда во Ѓорче П.

Sase Ivanovski

Како се прави цементот…

Sase Ivanovski

МВР потврди дека во ресторан, 6-та Управа го чувала сопругот на Силјановска

Sase Ivanovski

ЖЕРНОВСКИ: ЧУДНО Е КАКО ОД АМБАСАДОРИ НЕ СЕ ВРАТЕНИ ТРИ ПОРАНЕШНИ МИНИСТРИ НА ЗАЕВ

Sase Ivanovski

Научниците открија изненадувачки ефект од студените нуркања

Sase Ivanovski

Американскиот јавен обвинител: Третиот мандат на Трамп би бил тешка операција

Sase Ivanovski

СДСМ е консолидирана, почнуваме битка со најнеспособната влада порача Филипче

Sase Ivanovski

Венко Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Грција

Sase Ivanovski

Неверство во ерата на социјалните мрежи: Што е микроизмамување и дали е тоа голема работа?

Sase Ivanovski

Човекот кој ја прогонуваше Скарлет Јохансон е уапсен откако се заканувал дека ќе активира бомба

Sase Ivanovski

Бил Мареј проговори за обвинувањето дека насилно бакнал жена: „Мислев дека само се забавуваме“

Sase Ivanovski

Тест на личноста: Она што прво го забележувате открива колку сте амбициозни и дали секогаш давате 100 отсто од себе

Sase Ivanovski

Улицата Елисие Поповски Марко остана без пешачки премини, луѓето не можат да се движат и од паркирани коли

Sase Ivanovski

Ендокринологот Ѓуро Мацут е мандатар за состав на новата Влада на Србија

Sase Ivanovski

Макрон: Потребна е силна акција доколку Русија продолжи со напади во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Напредок во преговорите за распоредување на европски воен контингент во Украина

Sase Ivanovski

Нетанјаху се надева дека Трамп ќе ги намали царините за Израел

Sase Ivanovski

Во Клиничката болница во Штип ќе се вработат 19 специјализанти, но фалат медицински сестри и болничари

Sase Ivanovski

24 вистини за стареењето за кои никој не зборува

Sase Ivanovski

Будење со бомби, на денешен ден Хитлер ја нападна Југославија 1941 година

Sase Ivanovski

ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Татјана Алексиќ: Неопходна е сексуална едукација, секој абортус е траума за девојчињата, а им се случува на 12-годишни деца

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Коцарева: Париз е вистинското место за да ја покажам уникатноста на моите креации

Sase Ivanovski

Русија во протестите против Трамп гледа механизми на делување на „длабоката држава“

Sase Ivanovski

Десетина нови згради се планираат во Козле, ДУП-от од утре оди на јавна анкета

Sase Ivanovski

НЕВАЖЕЧКИ БИЛЕ 139 ЛИВЧИЊА Филипче доби 18.001 глас за претседател на СДСМ

Sase Ivanovski

Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа – пронајден мобилниот телефон на една од жртвите

Sase Ivanovski

ПАЃАЛЕ КАМЕЊА ОД МОСТОТ НАДВОЗНИК ПРЕД ВИЗБЕГОВО – граѓанин пријавил во ЦУК, штетите се санирани (ФОТО)

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Sase Ivanovski

Филипче: Градоначалниците на ДПМНЕ не испорачуваат резултати, СДСМ ќе понуди кандидати што ќе работат за граѓаните

Sase Ivanovski

Филипче: Сè што вети Владата, сè што кажаа – излажаа

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ е силна, СДСМ е спремна, за доброто на Македонија и на сите граѓани 

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Демант на изјавите на ТВ21 во врска со можноста за реконструкција на владата

Sase Ivanovski

Венко Филипче доби силен мандат: Освоени 18.000 гласови – двојно повеќе од претходните избори

Sase Ivanovski

Само 18 илјади луѓе сметаат дека Филипче треба да ја води СДС, пораката е јасна, човекот нема кредибилитет и е продолжена рака на Заев

Sase Ivanovski

Таравари: Со Мицкоски имаме коректни односи, ако друг смета дека не ни е место во Владата не е проблем

Sase Ivanovski

ПРЕГОВОРИ БАРААТ ПОВЕЌЕ ОД 50 ДРЖАВИ Царините на Трамп предизвикаа хаос

Sase Ivanovski
Вчитувам....