9.8 C
Скопје
31/03/2025 18:32
МАКТЕЛ

    

Методија Анѓелкоски: Почит, протест или нешто трето

      

Во сосема оправдан гнев, во Кочани се случија протести, а и на други места луѓе повикуваа на протести. Но, поголем дел, според моето видување на јавното расположение, не го сметаа протестот за еднаков и чист како почитта, особено не во денови на жалост. Причината за тој став не беше апатија, туку антиципирање на појава на политички хиени – оние што секоја криза ја претвораат во можност за профит. Сè уште не ми поминува тагата. Ќе се обидам ова да биде мојата последна колумна во која директно се зборува за трагедијата во Кочани. Би сакал да го изложам своето гледиште на настаните кои произлегоа од оваа трагедија која нè остави во шок и тага. Граѓаните реагираа, на три начини кои имаат допирни точки, но и суштински разлики: едни оддадоа почит кон загинатите, други посакаа протест против „системот“, но се појавија и трети – политички хиени – оние што ја користат кризата за свои цели. Овие категории не се само одраз на моментот, туку и огледало на подлабоките проблеми со кои се соочуваме како општество. Почитта како прв импулс Би рекол цела Македонија оддаде почит на загинатите. Немаше индиферентни, незаинтересирани или недопрени од оваа несреќа. Неподелени по ниедна основа, се обединивме во тага. Свеќи, цвеќиња и тивки собири ја исполнија земјата резултирајќи со спонтан, човечки одговор на трагедијата. Ова беше израз на солидарност и болка, без политичка позадина, без задни намери, чиста емпатија или сочувство со семејствата на настраданите.

Во сосема оправдан гнев, во Кочани се случија протести, а и на други места луѓе повикуваа на протести. Но, поголем дел, според моето видување на јавното расположение, не го сметаа протестот за еднаков и чист како почитта, особено не во денови на жалост. Причината за тој став не беше апатија, туку антиципирање на појава на политички хиени – оние што секоја криза ја претвораат во можност за профит. Оваа воздржаност, дополнета со неумесни коментари на социјалните мрежи, некои ја протолкуваа како „забрана од власта и нејзините загари“, иако објективно гледано, такво нешто немаше – властите јасно кажаа дека протестите се демократско право и дека имаат потполно разбирање за протестот како одговор на трагедијата. Протестот како еволутивен рефлекс Сепак, се појавија и протестите – произлезени од гневот кон системот. Сметам дека тоа е природен, еволутивен импулс: кога ќе се случи трагедија, луѓето сакаат да дејствуваат, некако да помогнат, да спречат повторување и конечно да го изразат револтот. Но, протестите останаа во прв момент апстрактни. Разни пароли одекнуваа, но без јасни барања, како на пример – реформи во инспекциите, казни за конкретни службеници, нови стандарди и слично. Тоа беше повеќе гневен крик отколку план. Гневот е разбирлив, бидејќи ова не е само несреќа. Овде има додаток: системски пропусти, корупција и, според искуствата од минатото, неказнивост кои ја овозможија катастрофата. Сепак, без насока, без барања, без конкретно водство, протестот ризикува да се расплини или да падне во рацете на оние со свои агенди. Токму тоа иницираше да се појави можеби првиот суштински момент за барањето одговорност: лиценцата на дискотеката и сето она околу таа лиценца кое е продукт на лошиот систем. Ако не се лажам, сопственикот ја добил „легално“ во 2021 година, под власта на партиите што денес се мнозинството меѓу демонстрантите. Лиценцата била „валидна“ и продолжувана до 2023 година, а во 2024 година истиот сопственик ја фалсификувал минатогодишната дозвола.

   

Се појави логично прашање: „Зошто власта не забележала фалсификат?“ Ова е делумно оправдано – граѓаните очекуваат системот да ги штити – но носи и доза апсурд доколку се обидеме да го претставиме исклучиво како грешка на актуелните политички актери. Еве пример, поблиску до реалноста: ако некој добие дозвола за градба во 2021 година, а во 2025 година зграда се урне при што се утврди дека сопственикот фалсификувал документи за продолжување, кој е директниот виновник? Има еден, или одговорноста лежи и кај оние што го изградиле системот во кој инспекциите се неефикасни, а корупцијата е толерирана? Во случајот со Кочани, дури и да бил клубот формално затворен, дали сопственикот – очигледно склон кон криминал – не би организирал „забава на диво“? Одговорноста е распределена низ годините и меѓу актерите: од издавањето на дозволата, преку пропустите во контролата, до фалсификатот. За жал, протестите кои се оправдан чин, добиваат тенденција на ставање на фокусот само на сегашноста, замаглувајќи го поширокиот контекст. Политичките хиени кои нема да запрат. Токму овој контекст, фокусот само на сегашноста, ја создава третата насока – политичките хиени – оние што ја користат трагедијата за своја добивка. Меѓу демонстрантите се појавија фигури од минатото со исклучително сомнителен кредибилитет. Не се појавија за да се извинат што биле дел од системот, туку за да ги пратат своите деца да ги перат нивните гревови. Да ја лоцираат одговорноста строго и исклучиво во сегашноста. Ова е цинизам во најчиста форма. Тие не само што не се саморефлексивни, туку и доволно подли за да го насочуваат гневот на граѓаните и за да го сокријат својот удел. Нивното присуство ги обликува протестите, претворајќи ги во политички циркус. Тие се мршојадци што ја чекаат секоја криза за да се вратат во релевантност. Во овој контекст сакам да го спомнам обраќањето на Росица Кулакова, сестрата на Фросина, која загина во сообраќајна несреќа во Скопје и го илустрира овој феномен. Во нејзиниот пост на Фејсбук, таа зборува за болката на семејството и за барањето правда, но и за обидите на „револуционерите“ да ја искористат нивната трагедија.

„Никој од овие ‘револуционери’ никогаш не дошол да запали свеќа за Фросина“, пишува таа, разоткривајќи го лицемерието на оние што хистерично врескаат повици за „револуција“ додека ги игнорираат жртвите. Хиените се хранат со туѓа болка, оставајќи ги семејствата сами. И да бидам сосем јасен, нема да запрат. Тоа не се луѓе кои се водени од морални начела, од човечки вредности. Ќе следува период во кој ќе се пренагласуваат можни афери, поврзани со властите; некои „афери“ ќе се конструираат специјално за тоа. Со прости зборови, ќе се изначитаме наслови кои завршуваат со прашалник, а со кои авторите наводно прашуваат, а всушност тврдат. Мршојадците се уверени дека „мора да се искористи гневот додека постои“, и нема да бираат средства. Пресврт или епизода? Дали Кочани ќе биде пресврт или само уште една епизода во циклусот составен од три дела: трагедија, протест, па разочарување? Во мојата колумна „Со штитот или врз него“ истакнав дека реакцијата на властите овој пат беше поинаква – побрза и поорганизирана. Потенцијалот за промена постои, властите покажуваат волја, а граѓаните треба да го надминат апстрактниот бунт и да придонесат барајќи конкретни резултати, и најважно, да стојат настрана од политичките хиени. Без оглед какво руво облекле хиените, тие се само тоа – политички хиени. Без тој фокус, гневот ќе се исцрпи, а системот ќе остане недопрен. Македонија предолго е заробена во овој круг. Ако емоцијата надвладее над разумот и стратегијата, ако дозволиме болката да биде украдена од мршојадци, ништо нема да се промени. Но, ако граѓаните го препознаат лицемерието на оние што активно го создаваа системот, а сега го критикуваат, и ако граѓаните инсистираат на мерливи промени, можеби ќе го прекинеме циклусот. Изборот е наш – почитта и протестот не мора да завршат во рацете на хиените. Прашањето е дали имаме сила за тоа. Уверен сум дека можеме.

  

Најново

ЗАСЕГА НЕМА ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОДАДЕНИ НЕБЕЗБЕДНИ СУПИ Агенцијата за храна и ветеринарство будно ја следи состојбата со производите на „Маги“

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИОТ ПЕЈАЧ ТОМПСОН ГО СРУШИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД Продадени се над 280.000 билети за неговиот концерт, за помалку од 24 часа

Sase Ivanovski

ПУТИН ОСТАНУВА ОТВОРЕН ЗА КАКОВ БИЛО КОНТАКТ СО ТРАМП Песков вели дека засега не е планиран разговор меѓу двајцата лидери

Sase Ivanovski

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

Sase Ivanovski

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Sase Ivanovski

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Sase Ivanovski

НАФТАТА ПОСКАПУВА ТРЕТА НЕДЕЛА ПО РЕД – стравувања од тарифна војна вршат притисок врз „црното злато“

Sase Ivanovski

ВО СРЕДА СЛЕТУВА ПРВИОТ АВИОН ОД ПАРИЗ – Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

Sase Ivanovski

Подмолниот шпионски софтвер „Пегасус“ за малку не им бил инсталиран на двајца српски новинари на БИРН

Sase Ivanovski

ССМ: На 2 април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русите со дронови го нападнаа Харков: Погодени трговски центар, станбени згради и болница, има загинати и многу повредени

Sase Ivanovski

Жена нападнала жена во Струмица, во сообраќајна кавга

Sase Ivanovski

Возач од Македонска Каменица со комбе удрил во кола и сакал да избега

Sase Ivanovski

Се „крчка“ Анкетна комисија во Собранието – најверојатно ќе вклучи и други несреќи а не само најновата во кочански „Пулс“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скандал во Тетово: Навивачите на Шкендија во текот на минутата молк пееја песна за УЧК

Sase Ivanovski

Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

Sase Ivanovski

Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Sase Ivanovski

Погледнете како изгледале Гpyевски и бpaтyчедите во основно училиште

Sase Ivanovski

Денко Малески: Понижувачко повлекување или нуклеарна војна

Sase Ivanovski

Сијарто побара од Украина да не ги напаѓа руските енергетски капацитети

Sase Ivanovski

Европските берзи во пад, златото достигна нови височини

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илиевски: Андоновски да каже дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во Министерството

Sase Ivanovski

Марин Ле Пен осудена на четири години затвор за проневера на европски пари, доби забрана за кандидирање на претседателските избори

Sase Ivanovski

Починат маж пронајден во автомобил во Радишани

Sase Ivanovski

Откриени дилери на марихуана и амфетамин: дрогата ја криеле во бункери во Бутел, обвинителството поведена истрага

Sase Ivanovski

Трамп: Зеленски сака да се извлече од договорот, но ќе има големи проблеми

Sase Ivanovski

Се нижат реакции по пресудата на Марин Ле Пен: Погубена е француската демократија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАВИВАЧИТЕ НА ШКЕНДИЈА ПОПУЛАРНИТЕ “БАЛИСТИ” ДОДЕКА ИМАШЕ МИНУТА МОЛК – НЕ САМО ШТО НАВИВАА, ТУКУ ИМАШЕ И СВИРЕЖИ

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Подгответе се за бременоста со стручна поддршка од Центарот за мајка и бебе!

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Наследен ризик за развој на рак? Генетскиот тест може да го открие!

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Честит Рамазан Бајрам!

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Изборот помеѓу дентални импланти и дентални мостови зависи од неколку фактори, како што се здравјето на твоите заби, желбата за долговечност на решението и секако, твоите лични потреби.

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Ортодонтскиот третман не е само за тинејџери – сè повеќе возрасни се одлучуваат за исправување на забите и подобрување на нивниот изглед и здравје.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

Sase Ivanovski

СДСМ: Четири дена молк од Владата за екоцидот на Крива Река

Sase Ivanovski

СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице од Кавадарци, возел пијан, не пропуштал пешаци, а имал и забрана за управување возило

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Методија Илиевски: Дали има нов скандал во министерството на Андоновски – тендер добиле родители на негов вработен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски до синдикалецот Пешевски: Зошто не ги објавите вашите примања, што криете? Каде бевте кога СДС ги покачуваше даноците на храната?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Јамалов: Дали и други деца од неподмитливите Левица си инкасирале партиски пари?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петкоска: За што и од каде му се земени на неподмитливиот Крмов 5,000 евра?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Парите од државниот буџет наместо кај партијата Левица, завршуваат кај неподмитливиот борец против системот Крмов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Ангелова: Додека Левица постојано зборува за неподмитливост и чесност, Крмов им ја олеснил сметката за 5,000 евра

Sase Ivanovski

Изет Меџити честита Фитр Бајрам: Нашата заедничка работа ќе ги донесе своите плодови

Sase Ivanovski

Тамара пее за Кочани, а средствата од билетите ќе бидат наменети за семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагедијата.

Sase Ivanovski

Американско оклопно возило исчезнато во Литванија извлечено од мочуриште, но судбината на 4 војници се уште е непозната

Sase Ivanovski

Виктор Орбан: „Јас сум Марин Ле Пен!“

Sase Ivanovski

Без вода дел од општина Аеродром

Sase Ivanovski

(ГАЛЕРИЈА) Герила акција против корупција во Скопје: Со 500 „митони“ (валута за мито) до четвртина помала крофна

Sase Ivanovski

Приведено лице од гостиварско, управувал возило со брзина од 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се унапредува процесот на јавни набавки, поголема транспарентност, ефикасност и конкурентност

Sase Ivanovski

Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

Sase Ivanovski

Филков: Владеењето на правото не смее да биде само декларативна заложба, туку реалност во секоја судница и институција

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5000 евра, или над 3 милиони денари годишно, немаат никаква претстава за тоа како живее работникот

Sase Ivanovski

ЛИЦЕМ СВЕТЦИ, СРЦЕМ ВОЛЦИ – Оние на власт, бивши и сегашни допуштаат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство

Sase Ivanovski

Возел со 173 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово

Sase Ivanovski

ВИДЕО – СДСМ: Дали има нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен?

Sase Ivanovski

Во градови низ Србија ќе се одржат протестни прошетки – „Кампањата на насилство мора да престане“

Sase Ivanovski

Марин Ле Пен прогласена за виновна!

Sase Ivanovski

Фатен затвореник што избегал од „Идризово“

Sase Ivanovski

Системот „Е-набавки“ за јавните тендери, автоматски ќе креира тендерски документации

Sase Ivanovski

Царините на Трамп ќе бидат за сите држави – тој тоа го нарекува „Ден на ослободувањето“

Sase Ivanovski

Филков: Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат еднакво за сите

Sase Ivanovski

Крстевски за „Слободен печат“: Владата ќе одлучи дали градоначалник на Кочани ќе се бира на избори или од редот на советниците

Sase Ivanovski

Италијанските Карабинери споделувале истражни техники против фалсификување пари со македонската Народна Банка

Sase Ivanovski

ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата што го обезбедувала „Пулс“ – „Рубикон“?

Sase Ivanovski

Во градинката „Брајт Кидс“ загинаа 16 деца, спиеле кога удри земјотресот во Мјанмар

Sase Ivanovski

Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

Sase Ivanovski

Во верижен судир во Србија настрадаа три лица, меѓу кои и 8-годишно дете

Sase Ivanovski

СПорткаст EП06 – Јакимовски: Многу си ја сакам верата, постојано со Дарио Ивановски велиме „Ајде, Господ е со нас“

Sase Ivanovski

Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост, продолжува борбата на трансродовите лица за место во општеството

Sase Ivanovski

Maggi повлекува супа од брокули во Германија поради можност за присуство на метални делови

Sase Ivanovski

Богатите родители не треба да им даваат пари на своите деца – туку да им дадат врски

Sase Ivanovski

Уште во 1950-тите, имало видеоповици но чинеле над 50.000 долари во денешни пари

Sase Ivanovski

Мостовите во Лондон…

Sase Ivanovski

Предраг Мијатовиќ “до цент” ги објави сите долгови на Партизан, и ги шокираше сите дека долгот е над 50 милиони евра

Sase Ivanovski

Владимир Симоновски, заменик-командант на Територијалната противпожарна единица на Скопје: Ова што сега ни се случи е голема опомена

Sase Ivanovski
Вчитувам....