-За сите настани од изборите ќе ги информираме сите амбасади, набљудувачките мисии и други релевантни институции. Сакам да сите да им објаснам за насилството врз гласачкото право ќе се одговара. Денес драги Албанци партијата која владееше со институциите 22 години го покажа вистинското лице. Со бојкот ДУИ се обиде да го врати политичкото организирање на Албанците во Македонија на претполитичко ниво. Партијата која излезе под името „Европски фронт“, денеска го бојкотираше изборниот процес, чин спротивен на секој европски стандард, вели Меџити.Тој го праша Бујар Османи како утре ќе го оправда однесувањето на изборите пред меѓународните партнери.
-Со денешниот ден Али Ахмети ја запечати својата конечна изолација од сите релевантни општествени и политички чинители, како и меѓународните партнери. Од денеска тој е најголемиот политички губитник, додаде Меџити.