Во однос на подготовките за локалните избори, Меџити посочи дека ставот на сите политички субјекти во коалицијата е да се оди со една листа, еден изборен штаб и една заедничка програма. Арбен Таравари, претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство, останува единствениот член од Коалицијата Вреди кој, според коалициските партнери, сè уште не расчистил дали останува со Вреди или гледа можност за соработка со ДУИ. Ова го изјави вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по состанокот на советодавната комисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува Македонија со Албанија и Грција. – Односите со министерот за здравство Арбен Таравари се добри и комуницираме, но сите треба да имаат предвид дека Вреди е антипод на ДУИ, односно Коалиција која победи на претходните парламентарни избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Ние работиме на таа промена до крај за тоа да го почувствуваат и граѓаните … Никој нема дилеми во Коалицијата, единствениот којшто има дилеми, којшто гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција, е господинот Таравари, затоа него ќе го прашате, но мислам дека Вреди ги доби гласовите, 107.000 гласови како антипод и предводник на промените во делот на албанскиот кампус. Така што, никој нема дилеми освен Таравари којшто треба да расчисти со дилемите. Вреди и соработка со ДУИ мислам дека е неприродно – нагласи Меџити.
Најново
Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час
(ВИДЕО) ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ СЕ ПРОШИРИ МНОГУ БРЗО Еден од повредените раскажа за кобната ноќ во Кочани
КАШЕСТ СНЕГ ИМА НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА ЗЕМЈАТА Укината е забраната за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар
МАКСО ТВРДИ ДЕКА НЕ ПРЕГОВАРА ЗА МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Движењето ЗНАМ најави свој кандидат за градоначалник во Куманово
Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар
„Светски ден на здравјето: Државата да ги зголеми инвестициите во здравствена превенција и квалитетна здравствена заштита на жените, децата и ранливите групи“
ВМРО-ДПМНЕ: Дволичниот Апасиев беше против извршителите, но кога станува збор за негова корист, не му пречат
Влада: Значително се зголемија платите на вработените во здравството, 4.815 денари за сите здравствени работници, за медицинските сестри 6.200 денари
И полицаецот што го лажеа дека возилото управувано од Срѓан Керим е службено – заработи дисциплинска
Како се сервисираат ПП апарати во јавни објекти за нецел денар, кога услугата реално чини 600 денари?!
Најголем извор на инфекции: Предметите кои често ги користите имаат 400 пати повеќе бактерии од тоалетната школка
Тест на личноста: Она што прво го забележувате открива колку сте амбициозни и дали секогаш давате 100 отсто од себе
Улицата Елисие Поповски Марко остана без пешачки премини, луѓето не можат да се движат и од паркирани коли
Во Клиничката болница во Штип ќе се вработат 19 специјализанти, но фалат медицински сестри и болничари
ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Татјана Алексиќ: Неопходна е сексуална едукација, секој абортус е траума за девојчињата, а им се случува на 12-годишни деца
Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа – пронајден мобилниот телефон на една од жртвите
ПАЃАЛЕ КАМЕЊА ОД МОСТОТ НАДВОЗНИК ПРЕД ВИЗБЕГОВО – граѓанин пријавил во ЦУК, штетите се санирани (ФОТО)
Филипче: Градоначалниците на ДПМНЕ не испорачуваат резултати, СДСМ ќе понуди кандидати што ќе работат за граѓаните
Само 18 илјади луѓе сметаат дека Филипче треба да ја води СДС, пораката е јасна, човекот нема кредибилитет и е продолжена рака на Заев
Вчитувам....