„Ќе оставиме граѓаните да направат подобри проценки“, изјави вицепремиерот Изет Меџити вечерва во гостување на ТВ „21“, околу досегашнот учество на коалицијата „Вреди“ во власта. Меџити меѓу другото рече дека локалните избори се блиску и дека главниот збор го има гласачот.
„Оценките ќе им ги оставиме на граѓаните. Ни претстојат и локални избори, главниот збор го имаат гласачите. Она што е важно е дека сега Албанците имаат два табора, имаат конкуренција, можат да споредуваат, да оценуваат, да осудуваат. Мислам дека осум месеци не се доволни да се реализираат програми, да се направат промени“, изјави Меџити.