Првиот вицепремиер на Владата – Изет Меџити, реагираше на ставот на ДУИ во врска со Законот за правична и соодветна застапеност, обвинувајќи ја партијата за години неправедна контрола врз државната администрација.Во објава на социјалната мрежа Фејсбук Меџити ја критикува политиката на ДУИ, велејќи дека „без закон, договорите, вработувањата, одлуките и условувањата на Албанците ги контролираат шерифите од Речица“.
Според него, со новиот закон „на секој Албанец му се дава еднаква шанса за вработување во администрацијата“, а токму затоа, како што додава, „шерифите од Речица остануваат без работа. Затоа се против тоа!“Меџити нагласува дека законот гарантира крај на политичката селекција и отвора пат за реална застапеност на Албанците во јавните институции – според заслугите, без партиски влијанија и без покровителство.„Стравот кај ДУИ од усвојувањето на овој закон доаѓа токму поради губењето на контролата што ја имаа врз системот повеќе од дваесет години“, вели Меџити.