Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити рече дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е жртва на туѓи нарачатели кога прави обиколки низ Општина Чаир каде што изминативе денови лоцира објекти за кои рече дека се дивоградби. Меџити ја повика Арсовска да направи обиколка и во скопски Сарај за, како што рече, да види како таму стои бројот на дивоградби.
„Јас жалам што таа е жртва на друг нарачател и дека два-три месеца пред изборите ѝ текна дека постојат Чаир и Скопје. Но добро е истата градоначалничка да отиде и во Сарај, да види како стои бројот на дивоградби, како се легализираат по едно евро надвор од законските прописи. Да земе список од градежниот инспекторат и да го види вкупниот број на дивоградби, да види каде на таа листа е Чаир, а каде се другите општини“, изјави Меџити во интервју за Сител.