Првиот вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити, изјави дека европската интеграција останува неоспорен приоритет и дека никој не е против вклучувањето на Бугарите во Уставот, но нагласи потребата од правично решение за сите. Во интервју за емисијата „Само Интервју“ на Канал 5, Меџити потенцираше дека процесот на интеграција треба да биде инклузивен и да обезбеди праведен баланс меѓу засегнатите страни.
„Сите сакаме и работиме на избор на најдоброто решение што ќе нè приближи до ЕУ. Никој не е против вклучувањето на Бугарите во Уставот, но бараме решение во кое сите ќе бидат добитници,“ изјави Меџити. Оваа изјава доаѓа во време кога дебатата за уставните измени и напредокот на процесот на европска интеграција останува едно од главните политички прашања во земјата.